Спирлитово

село во Ениџевардарско, Егејска Македонија

Спирлитово или Испирлик (грчки: Πλαγιάρι, Плајари; до 1926 г. Ίσπερλικ, Исперлик[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 349 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Турци.[3]

Спирлитово
Πλαγιάρι
Спирлитово is located in Грција
Спирлитово
Спирлитово
Местоположба во областа
Спирлитово во рамките на Постол (општина)
Спирлитово
Местоположба на Спирлитово во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°51.6′N 22°16.43′E / 40.8600° СГШ; 22.27383° ИГД / 40.8600; 22.27383Координати: 40°51.6′N 22°16.43′E / 40.8600° СГШ; 22.27383° ИГД / 40.8600; 22.27383
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаКир
Надм. вис.&10000000000000110000000110 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно349
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Селото е сместено во Солунското Поле, во јужното подножје на планината Пајак, 12 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Спирлитово броело 600 жители, сите Турци.[4] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 93 турски куќи.[3]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 595 жители, кои во 1920 г. се салиле на 501 лице.[3] Во 1920-тите населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од Источна Тракија, и тоа од Болаир (Плајари), како и некои од Мидија и Оргаз. Во селото дополнително се доселиле и Власи од кожанското село Влашка Блаца и соседната Голема Ливада. Во 1926 г. селото е преименувано во Плајари, по старото село на мнозината дојденци.[5] Според пописот од 1928 г. Спирлитово било чисто дојденско село со 213 лица (82 семејства).[6]

Во 1940 г. Спирлитово имало 465 лица кои по војните почнале да се намалуваат, што трае до денес.[3]

Цркви уреди

  • „Рождество на пресв. Богородица“

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 465 421 467 436 387 373 363 349
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

Бидејќи е полупланинско, селото е релативно сиромашно. Се одгледуваат жито, пченка, памук, сончоглед и тутун. Делумно е застапено и сточарството.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ίσπερλικ -- Πλαγιάρι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 79.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
  5. Спирлитово на порталот на поранешната Општина Кир Архивирано на 28 февруари 2010 г. (грчки)
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.