Спиридон „Спирос“ Луис (грчки:Σπυρίδων "Σπύρος" Λούης) (12 јануари 1873 - 26 март 1940) бил грчки водоносач којшто победил на првиот маратон одржан на Олимписките игри, со што станал народен херој.

Спиридон Луис
Медали

Спиридон Луис
Машка атлетика
Натпреварувач за  Грција
Олимписки игри
Златен медал - прво место 1896 Атина Маратон

Спиридон Луис се родил во Маруси, гратче коешто денес е северно предградие на Атина во сиромашно земјоделско семејство. Неговиот татко бил продавач на вода во Атина, а Спиридон му помагал во транспортирањетѕо и продажбата.

Маратонот се трчал од метото Маратон до Атина што е според историјата за настанувањето на трката. Трката била долга околу 40 km, а се одржала на 10 април.

Луис трката ја започнал во група со останатите натпреварувачи, но не бил во почетокот ни блиску до првата позиција. За време на трката, тој го забрзувал своето темпо и ги престигнувал конкурентите за златото. На неколку километри пред целта, Спиридон Луис избил во водство коешто не го изгубил до крајот на трката. Неговото време на целта било 2:58:50.

На Летните олимписки игри - 1936 одржани во Берлин, Луис како дел од грчката делегација му дал на Адолф Хитлер маслинов венец којшто го симболизира мирот.

Спиридон Луис умрел во родниот Маруси од инфаркт.

Денес, во Атина неговото име го носи Олимпискиот стадион и еден булевар.