Сојаклари

село во Општина Велес

Сојаклари — село во Општина Велес, во околината на градот Велес.

Сојаклари

Поглед на селото Сојаклари од патот за Отовица

Сојаклари во рамките на Македонија
Сојаклари
Местоположба на Сојаклари во Македонија
Сојаклари на карта

Карта

Координати 41°47′39″N 21°48′1″E / 41.79417° СГШ; 21.80028° ИГД / 41.79417; 21.80028
Регион  Вардарски
Општина Велес
Население 125 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29074
Сојаклари на општинската карта

Атарот на Сојаклари во рамките на општината
Сојаклари на Ризницата

Историја уреди

Во XIX век селото било дел од Велешката каза на Отоманското Царство.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948220—    
1953307+39.5%
1961375+22.1%
1971240−36.0%
1981184−23.3%
ГодинаНас.±%
1991181−1.6%
1994170−6.1%
2002156−8.2%
2021125−19.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сојаклари живееле 200 жители, сите Турци.[2]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци и 50 Турци.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото живеат 156 жители, од кои 153 Македонци, 2 Бошњаци и 1 Турчин.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 125 жители, од кои 110 Македонци, 2 Турци, 2 Бошњаци, 4 останати и 7 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 200 220 307 375 240 184 181 170 156 125
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови уреди

Според истражувањата од 1929 година, родови во селото биле:

Турски:

  • Доселеници: Фазлиовци (3 к.) не го знаат потеклото; Лимановци (1 к.) доселени од соседното Мамутчево, каде немаат повеќе свои роднини.

Македонски:

  • Староседелци: Ѕинѕировци (3 к.), Маневиќ (1 к.)
  • Доселеници: Гајговци (2 к.) доселени се од Чука, овде се доселиле браќата Тане и Гоче; Камчевиќ (1 к.) доселени се однекаде овде живеат од многу одамна; Настовиќ (1 к.) доселени се од овчеполско Црнилиште; Саздовиќ (1 к.) потекнуваат од домазетот Саздо доселен однекаде; Јовановиќ (1 к.) и Николиќ (1 к.) непознато потекло; Теовиќ (1 к.) доселени од селото Мокрени во Азот; Костиќ (2 к.), Колевиќ и Чурлиновци (1 к.) со непозно потекло; Милошевиќ Диме (1 к.) доселени од селото Војница; Богдановиќ доселени од селото Ораов Дол.

Колонисти од Србија;

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 2185 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 105 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта

Иселеништво уреди

Иселеници од Муслиманите има во Турција, а од православните во Куманово, Скопје и Велес.[10]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 157. ISBN 954430424X.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. 10,0 10,1 . Филиповиќ, Миленко. Северни велешки села. Белград. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски уреди