Софу Мехмед-паша (починат во август 1649 година), познат и како Мевлеви Мехмед-пашаотомански државник кој служел како голем везир и дефтердар (министер за финансии).

Софу
Мехмед
Паша
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
8 август 1648 – 21 мај 1649
Монарх Ибрахим I
Мехмед IV
Претходник Хезарпаре Ахмед-паша
Наследник Кара Мурат-паша
Дефтердар
На должноста
1636–1639
Претходник Мостарли Ибрахим-паша
Наследник Дефтердарзаде Ибрахим-паша
Лични податоци
Починал(а) август 1649
Малкара, Турција
Националност Отоманско Царство
Вероисповед Сунит Ислам

Министерување уреди

Тој бил заменик (кетхуда) на дефтедарот (гувернерот на благајната). Во времето на владеењето на Мурат IV во 1636, тој бил назначен за дефтердар и бил во служба до 1639 година. За време на неговото пензионирање, тој станал член на редот Мевлеви со што се стекнал со титулата Мевлеви или Софу. За време на турбулентните настани пред симнувањето од престолот на Ибрахим I во 1648 година, претходниот голем везир Хезарпаре Ахмед-паша бил линчуван од гневна маса на народ, и водачите на јаничарите го присилиле султанот да го назначи Софу Мехмед-паша за голем везир. Султанот неволно се сложил[1] на 8 август 1648 година. Сепак, султанот бил симнат од престолот ссамо по пет дена од неговото назначување. И покрај овој настан, Софу Мехмед-паша се плашел од поранешниот султан, и постоела можност повторно да седне на престолот доколку тоа го поддржувале јаничарите. Многу му олеснило кога Ибрахим I бил погубен десет дена по неговото симнување од престолот.[2] Постои сомнеж дека самиот Софу Мехмед-паша бил присутен за време на погубувањето.[3]

Голем везир уреди

Новиот султан Мехмед IV бил на возраст од 7 години и кралицата владетелка Косем (мајката на Ибрахим I и баба на Мехмед) гледала со сомнеж на Софу Мехмед-паша, поради неговата улога во погубувањето на Ибрахим. Друг проблем за Софу Мехмед-паша била економијата. Негова врвна обврска во владата била благајната. Ги ограничил трошоците, но ова предизвикало негодувања кај спахиите, што довело до тоа тие да се побунат. Софу Мехмед-пашаси го спасил живото криејќи се за моќта на јаничарите. Иако ова му го спасило животот, јаничарите се стекнале со голема моќ поради овој настан, и наскоро, водачот на јаничарите Кара Мурат-паша застанал на страната против Софу Мехмед-паша.[2] Поразот на Отоманската морнарица при Фокејската битка на 12 мај 1649 година била дополнителен удар за Софу Мехмед-паша.

Смрт уреди

На 21 мај 1649 година, тој бил заменет од Кара Мурат-паша. Бил протеран во Малкара (град во еропскиот дел на Турција), и наскоро, Кара Мурат-паша дал наредба тој да биде погубен во август 1649 година.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Ayhan Buz: Osmanlı Sadrazamları, Neden Kitap, İstanbul, 2009,ISBN 978-975-254-278-5 p.104
  2. 2,0 2,1 Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt III, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 pp. 100-102
  3. M.Fatih Ertürk: Osmanlı İmparatorluğu Tarihi, Kalipso yayınları, İstanbul, p.172
Политички функции
Претходник
Мостарли Ибрахим-паша
Дефтердар
1636–1639
Наследник
Дефтердарзаде Ибрахим-паша
Претходник
Хезарпаре Ахмед-паша
Голем везир
7 август 1648 – 21 мај 1649
Наследник
Кара Мурат-паша