Софија Налковска (полски: Zofia Nałkowska), 10 ноември 1884 Варшава17 декември 1954, Варшава) била полска писателка, драматург и есеист. Била член на извршниот одбор на Полската академија на книжевноста (1933–1939).

Софија Налковска
Zofia Nałkowska
Роден/а10 ноември 1884(1884-11-10)
Варшава
Починат/а17 декември 1954(1954-12-17) (возр. 70)
Варшава
Националностполско
Значајни делаГраница
Медалјони

Животопис уреди

Софија Налковска е родена во семејство на интелектуалци, кои биле псоветени на социјалната правда. Студирала на тајниот Летечки Универзитет. По независноста на Полска, таа станала една од најистакнатите писателки феминисти. Пишувала романи, новели и драми со психолошка содржина.

Првиот книжевен успех на Налковска била книгата со наслов „Романсата на Тереза Хенерт“, издадена во 1923 година. Најпозната е по книгите „Граница“ (1935), „Врските на животот“ (1948) и „Медалјони“ (1947).

Налковска често пишувала за тешки и контроверзни теми.[1]

Починала во Варшава, на 17 декември 1954 година.

Наводи уреди

  1. Stanisława Dudzianka. „Oblicza polskiego feminizmu (Faces of Polish feminism)“ (полски). Deon.pl. Посетено на July 20, 2012. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)

Надворешни врски уреди