Сопот (Велешко)

село во Општина Велес

Сопот — село во Општина Велес, во непосредна близина на градот Велес.

Сопот

Поглед на селото Сопот

Сопот во рамките на Македонија
Сопот
Местоположба на Сопот во Македонија
Сопот на карта

Карта

Координати 41°47′7″N 21°43′2″E / 41.78528° СГШ; 21.71722° ИГД / 41.78528; 21.71722
Регион  Вардарски
Општина Велес
Население 12 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29071
Сопот на општинската карта

Атарот на Сопот во рамките на општината
Сопот на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Глетка од селото Сопот

Сопот — село во северниот дел на територијата на Општина Велес[2]. Селото е рамничарско во подножјето на мало возвишение веднаш од левата страна на реката Вардар. Расположено е на надморска височина од 230 метри[3]. Низ самото село минува автопатот Скопје - Велес кој го дели селото на два дела. Од градот Велес е оддалечено 13 километри[3]. Атарот на селото Сопот зафаќа површина од 8,7 км2, од кои 203 хектари зафаќа обработливото земјиште, 262 хектари пасиштата, додека 267 хектари отпаѓаат на шумите, со што селото во основа има полјоделска функција[3]. Во непосредната близина на селото Сопот се наоѓа вештачкото велешко езеро „Младост“.

Историја уреди

Селото Сопот е едно од постарите села во Велешко, во кои организиран живот се одвивал уште во античко време, а постојат и голем број пишани податоци и споменувања на Сопот низ историјата. Македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот, во својот напис за Велес во „Цариградски весник“ од 1 декември 1854 запишал дека во селото Сопот на 4 часа северозападно од Велес (што одговара со местоположбата на денешното село) се пронајдени 100.000 антики славјански, латински и гречески и на мермерни плочи писма, образи и идоли и други многуцености[4]. Доказ за овој напис на Џинот, како и за божествениот култ кон Александар Македонски е споменикот пронајден во ова село, со натпис посветен на богот Александар, домашните божества Драко и Дракајна и на Јупитер и Хера[5]. Пет години подоцна на 7 март 1859, Јордан Хаџи Константинов - Џинот во својот напис „Велес - статистическо описание“ во „Цариградски весник“, за селото Сопот запишал дека е христијанско село кое има 10 куќи и урнатини од манастирот на средновековниот војвода Радич како и негова крепост[6].

Стопанство уреди

Малубројното постојано население, како и некогашните жители на селото кои повремено доаѓаат во него на своите куќи и викендички се занимаваат најмногу со градинарство (домат, пиперки, кромид, лук, марула), пчеларство, лозарство и овоштарство (јаболка, круши, сливи, ореви). Поради одличните услови кои се должат на тревнатите ридови обраснати со нискостеблеста и грмушеста шума во Сопот е застапено и сточарството, односно одгледувањето на кози, а постојат и две трла за овци во горниот дел на селото.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948167—    
1953193+15.6%
1961194+0.5%
197194−51.5%
198131−67.0%
ГодинаНас.±%
199110−67.7%
19947−30.0%
200215+114.3%
202112−20.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сопот живееле 100 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сопот имало 120 Македонци, од кои 80 под врховенството на Бугарската егзархија и 40 патријаршисти.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[9]

Бројот на жители во селото Сопот, драстично опаднал и селото западнало во процес на целосно раселување, во периодот помеѓу 1961 година кога броело 194 жители и 1994 година, кога бројот се намалил на само 7 жители, сите Македонци.[3]. Сепак во периодот помеѓу 1994 и 2002 година, бројот на жители се зголемил за повеќе од двојно, односно за 8 жители, пред сè поради повратниците, најчесто постари луѓе и пензионери кои во младоста се иселиле во Велес, а дел и во Скопје. Покрај овие постари луѓе кои се вратиле постојано да живеат, во селото Сопот има и еден млад ученик во основно училиште, Дарко Илиевски, чија сторија околу проблемите со превозот до училиштето во Велес беше објавена на македонските медиуми.

Според пописот од 2002 година во селото живеат 15 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 12 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 100 120 167 193 194 94 31 10 7 15 12
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови уреди

Според податоци од 1935 година, во селото живееле следните македонски православни христијански родови: Галевци, Ангелковци и Нетковци (сите старинци), Гулевци и Давчеви (двата рода од с. Чалошево), Басаровци (од с. Рудник), Кимовци (од с. Лугунци), Гоговци (од с. Отовица), Бошковци (од с. Карабуниште), Ролевци (од с. Кожле) и Шонтеви (од с. Ветерско)[15].

Општествени установи уреди

Цркви и манастири уреди

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2182 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Башино Село. Во избирачкото место се опфатени населените места: Сопот, Башино Село, Новачани.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 624 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта
  • Дабици — тумули од железно време
  • Кале — градиште — кастел со подградие од римско време

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

-->

Иселеништво уреди

Најголем дел од населението е иселен во Велес, а во помала мерка и во Скопје и околните села како Отовица и сосема малку во странство.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. http://www.veles.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=17&Itemid=40 , исто и Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.279
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.279
  4. Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. Избрани страници - приредил Блаже Конески - Скопје, Мисла, 1987 г. стр.51
  5. Проева, Наде. Александар Македонски - живот и дело. Библиотека Historia Antiqua Macedonica, кн. 10. Скопје, 2012. стр.44
  6. http://www.promacedonia.org/bmark/jhk/jhk_2.htm#7
  7. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 156.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 118-119.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Филиповиќ, Миленко. Северни велешки села. Белград, 1935. стр.553
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 8 јануари 2020.
  17. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 8 јануари 2020.

Надворешни врски уреди