Сопотница

село во Општина Демир Хисар

Сопотница — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Сопотница

Поглед на селото Сопотница

Сопотница во рамките на Македонија
Сопотница
Местоположба на Сопотница во Македонија
Сопотница на карта

Карта

Координати 41°17′40″N 21°9′18″E / 41.29444° СГШ; 21.15500° ИГД / 41.29444; 21.15500Координати: 41°17′40″N 21°9′18″E / 41.29444° СГШ; 21.15500° ИГД / 41.29444; 21.15500
Регион  Пелагониски
Општина  Демир Хисар
Област Железник
Население 715 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10033
Надм. вис. 626 м
Сопотница на општинската карта

Атарот на Сопотница во рамките на општината
Сопотница на Ризницата

До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина.

Географија и местоположба уреди

 
Поглед на дел селото Сопотница

Сопотница се наоѓа во подножјето на два рида - Голема Глава и Кула, на источните падини на Плакенска Планина. Ридовите над Сопотница делумно се голи, а делумно пошумени. Селската река извира во месноста Извор, па затоа од мештаните е наречена Изворија.[2]

Сместена во непосредна близина на селото Жван, може да се каже дека Сопотница се наоѓа во речиси средишниот дел на етногеографската целина, областа Железник, односно во Долни Железник.[2]

Селото е рамничарско и е сместено на надморска височина од 670 метри.[3]

Атарот зафаќа површина од 17,6 км2. На него шумите заземаат површина од 850 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 492 хектари, а на пасиштата 289 хектари.

Селото се наоѓа на левиот брег на Црна Река, на 10 километри од градот Демир Хисар и на 2 километри од патот Демир Хисар-Кичево. Населбата била поврзана со железничка линија со Прилеп, која денес не е повеќе во функција.

Историја уреди

 
Поглед на дел селото Сопотница

Селото е основано мошне одамна, иако не се знае точно годината на неговото создавање, за што не постојат пишани документи. Може да се претпостави дека го основале Словените. Неговото име е словенско и означува подрачје богато со извори. Првите жители на Сопотница биле припадниците на племето Брсјаци (Березити), како и во целата област.[2]

Во XIX век, Сопотница било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.

Сопотница во XX век уреди

Во 1903 година, во Сопотница постоела селска милиција, што по објавувањето на Илинденското востание, прераснала во редовна востаничка чета. Четата била задолжена за попречување на пристапот до селото Норово. На 24 август 1903 година биле опожарени 70 од 80. куќи во селото, при што биле убиени и двајца 70-годишни старци, Даме Стојанов и Ѓорѓи Симонов. На 26 август биле дозапалени и останатите куќи. На 30 август бил убиен 45-годишниот Петре Јанкулов.[2]

Кон крајот на 1903 година, во опожареното село што започнало да се обновува престојувал Даме Груев, заедно со неговите најблиски соборци, Христо Узунов, Ѓорѓи Сугарев и црковниот војвода ѓаконот Евстахиј, при што го обновиле селскиот комитет на Револуционерната организација.[2]

Непосредно по капитулацијата на Југославија во Втората светска војна, биле одведени 11 војници во заробеништво.[4] Поголем отпор во селото се развил во 1944 година.[2] Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Во 1949 година преку доброволна работа бил изграден задружниот дом, во 1956 година селото добило електрична енергија, во 1969 година бил изграден водовод, во 1975 година била асфалтирана главната улица, а во 1980-тите години селото ги добило и станбените згради.[2]

Стопанство уреди

 
Фабриката „Железник“ во близина на Сопотница

Селото има поледелско-шумарска функција. Поледелството производство било и е основна земјоделска гранка. Пред Втората светска војна најмногу биле застапени житните култури (пченица, јачмен, ’рж, овес), окопните култури (пченка, грав), фуражни култури (граор, уров), текстилни растенија (коноп) и градинарски култури (домати, пиперки). Некои од овие култури, денес целосно се напуштени. Најмногу се засадува грав („жвански грав“), а како втора значајна култура може да се издвои тутунот.[2]

Сточарството било значајна стопанска гранка. Денес, најмногу се одгледуваат овци, говеда и свињи.

Во селото работи фабричкиот погон „Железник“, за производство на сачми. Во близина на селото се наоѓа и рудникот „Демир Хисар“.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948985—    
19531.070+8.6%
1961956−10.7%
19711.219+27.5%
19811.261+3.4%
ГодинаНас.±%
19911.145−9.2%
1994989−13.6%
2002929−6.1%
2021715−23.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Сопотница имало 560 жители, сите Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сопотница имало 640 жители.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сопотница се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 122 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.[9]

Во 1961 година селото имало 956 жители, а во 1994 година 989 жители, македонско население, со што населбата се вбројува во големи села.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 929 жители, од кои 926 Македонци и 3 Срби.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 715 жители, од кои 686 Македонци, 1 Албанец, 1 Влав и 27 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 560 640 985 1.070 956 1.219 1.261 1.145 989 929 715
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови уреди

Селото Сопотница, отсекогаш па до денес е населено исклучиво со Македонци од православна христијанска вероисповед. Најстари родови во Сопотница се: Цветковци и Настовци, а останати староседелски родови се и: Трчалажовци кои прекарот го добиле по тоа што некоја жена си одела со „пајнче“ (чинија) со јајца за ручек на глава, а некој трчајќи ѝ рекол дека едно пиле и ги исколвало јајцата озгора, поради што таа се наведнала и чинијата паднала и се искршила, по што рекла „и натемате трчајлаж“, Лозановци, Караџавци, Којчевци, Калешковци, Мијајлевци и Димовци[16]. Постари доселени родови се: Мреножани од с. Мренога, Пејковци од с. Кошино (Прилепско), Радовци од соседното с. Радово, Ориѓани од Охридско, Џивџановци од с. Загориче, Кутретинци од с. Кутретино, Црвенковци кои дошле од с. Воѓани (Прилепско), но тука го добиле прекарот по некојси Црвенко кој свирел гајда и бил најдобар гајдаџија[16].

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:

  • Староседелци и доселеници со непознато потекло: Угриновци или Настовци или Анѓелевци или Мушовци (12 к.), Алексовци (2 к.), Тумбевци (3 к.), Ѓорелевци (2 к.), Мондовци (3 к.), Головодовци (3 к.), Ивановци (5 к.), Спировци (2 к.), Попевци (1 к.), Бучковци (2 к.), Џаверовци (5 к.), Стаменовци (4 к.), Бурчџуловци (1 к.), Трчалажовци (7 к.), Прцајковци (4 к.), Самарџијовци (2 к.), Волчевци (2 к.), Калешковци (1 к.), Џаровци (1 к.), Симоновци (1 к.), Матраковци (4 к.), Десковци (6 к.), Цветковци (4 к.), Марковци (4 к.), Боримечковци (1 к.) и Пачковци (2 к.).
  • Доселени со познато потекло: Поповци (1 к.) доселени се од селото Велмевци; Шабиковци (1 к.) и Ќирковци (4 к.) доселени се од некое село Соугло (можеби Суво Грло); Бојановци (1 к.), Богдановци (2 к.) и Пејковци (12 к.) сите се доселени од Доленци во различен период; Кртовци (3 к.), Брзевци (5 к.) и Шврговци (1 к.) сите се доселени од селото Базерник; Бурјановци (1 к.) доселени се од селото Вардино; Зашлаковци или Кочовци (5 к.) доселени се од селото Зашле, таму припаѓале на родот Илијовци; Огненовци (1 к.) и Мреножани (7 к.) доселени се од селото Мренога; Грујовци (1 к.) доселени се од селото Суво Грло; Ориѓани (6 к.) доселени се од селото Оздолени, Дебрца, го знаат следното родословие: Миладин (жив на 53 г. во 1951 година) Наум-Никола-Сиљан; Наумовци (2 к.) доселени се од селото Велмеј, Дебрца; Џивџановци (1 к.) доселени се од селото Стругово; Кутретинци (3 к.) доселени се од селото Кутретино, а таму од селото Ракитница; Малушовци (2 к.) доселени се од селото Единаковци; Радовци први (2 к.) и Радовци втори (3 к.) доселени се од селото Радово; Биринци (1 к.) доселени се од селото Бирино, Крушевско; Црвенковци (2 к.) доселени се од селото Бела Црква, Прилепско; Поповци (2 к.) доселени се од селото Журче.[17]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Жван, во која покрај селото Сопотница, се наоѓале и селата Вирово, Жван, Мренога, Радово, Слоештица, Суво Грло и Церово. Општината Жван постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Жван, Мренога, Слојштица, Сопотница и Суво Грло.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 655 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[19]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 665 гласачи.[20]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Манастирската црква „Св. Атанасиј“
Археолошки наоѓалишта[21]
  • Црквиште — сакрален објект од доцноантичко време;
  • Краиште — црква и некропола од средниот век;
  • Бунариште - цнаселба од средниот век;
  • Извор — сакрален објект и некропола од доцноантичко време;
Цркви[22]
Манастири
Споменици

Иселеништво уреди

До 1952 година од селото иселеници има на следните места, во Србија (7 семејства, во Белград, Јабука), Битола (7 семејства), САД (4 семејства), Крушево (1 семејство), Скопје (1 семејство), Австралија (1 семејство) и во Бугарија (2 семејства).[17]

Иселувањето продолжило и потоа.

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Во селото работело културно-уметничкото друштво „Стојан Поповски“.

Панорамски поглед на Сопотница заедно со селските гробишта, сместени во дворот на црквата „Св. Никола

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Сопотница (PDF). Сопотница: МЗ Сопотница. 1983. Посетено на 9 декември 2016.
  3. 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 279. Посетено на 9 декември 2016.
  4. Тоа биле војниците: Магден Бубаковски, Стојан Бучковски, Ристе Волчевски, Стеван Лозановски, Тодор Лозановски, Симо Мондовски, Василе Настевски, Стојан Мреношки, Стојан Ориѓановски, Симон Пејковски и Цветан Талевски.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 декември 2016.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. 16,0 16,1 Цветковски П., Радован (1975). Од фолклорните и јазичните записи во демирхисарското село Сопотница. Развиток. Битола: Битолски весник. стр. 63.
  17. 17,0 17,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  18. „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. Архивирано од изворникот на 2016-08-28. Посетено на 26 јули 2016.
  19. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  20. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  21. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  22. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  23. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  24. 24,0 24,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  25. 25,0 25,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  26. 26,0 26,1 26,2 26,3 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  27. . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски уреди