Сонетен венец (Прешерн)

„Сонетен венец“ (словенечки: Sonetni venec) — поема во облика на сонетен венец за животната љубов на авторот Франце Прешерн. Поемата е составена од 14 сонети и една магистрала. Таа е една од најзначајните поетски дела во словенечката книжевност и во творечката дејност на Франце Прешерн. [1]

Поетот Франце Прешерн за Словенците направил голем историски подвиг, односно ја пробил гробницата на дотогашната провиненциско-поучна литература, а словенечкиот јазик го култивирал во современ разумен уметнички слог и поезијата ја конституира како вистинска поезија[2]. Поемата е издадени во 1834 година и централни мотиви во поемата се несреќната љубов на Прешерн и несреќната сакана татковина.

Текст уреди

„Сонетен венец“

I
Нов, за Словенецот, поето венец плете,
тој сплет е од петнаесет сонети,
та „магистралот“ на крај што ќе се срети
складностите на сите нив ги сплете.

Од него извира, во него пак е, ете,
во секој сонет стих од него чети;
и секој краен стих, стих првен ќе ти вети
на сонет нов. Поетот таков сплет е.

Сал една љубов мислите ги рои,
кај да е потем потем тие ноќ да спале,
се будат, зората штом плисне лачи свои.

На мнојот живот ти си магистрале
што мене за о смртта ми го дале;
ал-спомен е на рани мои, на фалби твои.

--- Повеќе...

Наводи уреди

  1. Гане Тодоровски, Примери од литературата, Скопје, 1993 г.
  2. Борис Петерну, Примери од литературарта, Скопје, 1993 г.

Надворешни врски уреди