Солунски ѕидини (грчки: Τείχη της Θεσσαλονίκης) — градски ѕидини кои го опколувале градот Солун за време на среден век сè до касниот 19 век, кога голем дел од ѕидините, вклучувајќи го целиот дел крај морето, се урнати како дел од отоманското владеење. Градот е обѕидан уште од своето создавање, во доцниот 4 век п.н.е., а денешните ѕидини датираат од почетокот на византискиот период, околу 390 година, со тоа што претходниот ѕид е вграден во нив. Ѕидините се направени според типично доцно романско градење на ѕид поврзан со цигли. Северниот дел на ѕидините се граничи со акрополата на градот, која е изградена со посебна ограда, во која се наоѓа друга тврдина, Еди-куле.

Поглед кон ѕидините
Поглед кон ѕидините

Галерија уреди

Наводи уреди

  • Kourkoutidou-Nikolaidou, E.; Tourta, A. (1997), Wandering in Byzantine Thessaloniki, Kapon Editions, стр. 15–26, ISBN 960-7254-47-3

Надворешни врски уреди