Солсбериската катедрала од ливадите

Солсберската катедрала од ливадите“ (англиски: Salisbury Cathedral from the Meadows) е слика од уметникот Џон Констабл насликана во 1829, една година по смртта на неговата сопруга. Подоцна тој кон сликата додал и стихови од делото „Годишните времиња“ од поетот Џејмс Томсон (XVIII век) кои го разоткриваат значењето на сликата: дека виножитото е симбол на надежта по бурата следејќи по смртта на младата Амелија во рацете на нејзинот љубовник Келадон.

Солсбериската катедрала од ливадите
Творец Џон Констабл
Година 1829
Вид Масло на платно
Димензии 151.8 см × 189.9 см
Место Национална галерија, Лондон

Оваа слика претставува личен израз на турбулентните чувства и променливите умствени состојби на сликарот. Некои ја имаат толкувано сликата и на политички начин, едно од кои толкувања е судирот на природата и индустријализацијата претставен преку судирот на елементите.

Некои симболи во сликата:

  • Надгробен споменик: симбол на смртта
  • Јасен: симбол на животот
  • Црква: симбол на вербата и воскресот
  • Виножито: симбол на обновен оптимизам