Соколарци

село во Општина Чешиново-Облешево

Соколарци — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.

Соколарци

Поглед на селото Соколарци

Соколарци во рамките на Македонија
Соколарци
Местоположба на Соколарци во Македонија
Соколарци на карта

Карта

Координати 41°53′48″N 22°16′30″E / 41.89667° СГШ; 22.27500° ИГД / 41.89667; 22.27500
Општина Грб на Општина Чешиново-Облешево Чешиново-Облешево
Население 730 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 13038
Надм. вис. 311 м. м
Соколарци на општинската карта

Атарот на Соколарци во рамките на општината
Соколарци на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Поглед од долното маало на Соколарци со Кочанското Поле и планината Плачковица во позадината

Селото се наоѓа во подножјето на Осоговските Планини, во Кочанското Поле.

Историја уреди

Потеклото на името Соколарци, доаѓа од името „Соколар“ коешто во времето на Отоманското Царство во XV, XVI и XVII век, било име за професија на луѓе кои се занимавале со одгледување на соколи за воени цели, и за што овие луѓе - соколари биле плаќани од државната каса на Отоманското Царство.

На крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманската Империја.

Стопанство уреди

Населението на селото Соколарци се занимава со земјоделство. Најзастапени гранки се полојделството (одгледување на ориз, пченица, пченка, домат) и сточарството (одгледување овци и крави). Оризот и доматот од Соколарци најчесто се пласира на кочанскиот и скопските пазари. Во селото работи и млекарницата „Осогово Милк“ која своите производи ги пласира на македонскиот пазар. Во селото има и земјоделска аптека GVT-LTD која се занимава со продажба на земјоделски препарати и сточна храна.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.055—    
19531.166+10.5%
19611.307+12.1%
19711.225−6.3%
19811.176−4.0%
ГодинаНас.±%
19911.053−10.5%
1994994−5.6%
2002956−3.8%
2021730−23.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Соколарци живееле 680 жители, од кои 670 Македонци и 10 Роми.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Соколарци имало 702 жители, од кои 648 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 54 Власи.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 850 Македонци и 25 до 50 Власи.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Соколарци живеат 956 жители, од кои 946 Македонци, 8 Власи и 2 Срби.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 730 жители, од кои 702 Македонци, 3 Албанци, 2 Власи и 23 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 680 702 1.055 1.166 1.307 1.225 1.176 1.053 994 956 730
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови уреди

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:

Македонски

  • Староседелци и доселеници со непознато потекло: Шеќерџиовци или Велковци (12 к.), Кметци (10 к.), Кацарци (10 к.), Ќосевци (6 к.), Анѓелашевци (15 к.), Џоваџици (15 к.), Маденџици (10 к.), Уткарци (10 к.), Дашовци (7 к.), Мицајковци (6 к.), Каранфиловци (11 к.), Ѓоргијовци (10 к.), Малиновци (10 к.), Шетевци (6 к.) и Црвенџиовци (5 к.) поголемиот број од родовите се староселеделци.
  • Доселеници со познато потекло: Коритарчани (15 к.) доселени се од некое место во Албанија во турско време. Имаат роднини во селото Липец (Арнаутици, Чорбаџици и Ковачки)

Влашки

  • Доселеници: Кутурела (3 к.) доселени се околу 1880 година. Потекнуваат од предокот Митре кој имал брат Никола. Од Митре потекнува родот Кутурела, додека од Никола потекнувал родот Зурзовци кои целосно се иселиле од селото. Овие Власи припаѓаат на поголемото братство Брозан кое растурено живее во повеќе села низ источна Македонија: Соколарци, Лепопелци, Врбица, Ерџелија, Ќоселери, Доброшани и др.[11]

Културни и природни знаменитости уреди

Верски објекти

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 879 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 696 гласачи.[13]

Иселеништво уреди

До 1960 година 9 влашки семејства се иселиле во Романија.

Од Македонците иселеници има во Кочани, околните села, Штип, штипското село Радање, и во овчеполските села Долно Црнилиште, Дорфулија и Ќоселери.[11]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  3. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. 11,0 11,1 . Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина — сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски уреди