Соколарство[1][2] — вештина на ловење со птици грабливки, датира од пред неколку милениуми. Соколарството се среќава на територијата на Македонија уште од најдалечното минато. Најголем расцут соколарството доживува во средниот век. Едно од најстарите пишани дела кое датира од XIII век е „Умешност во ловот со птиците“ (латински: De arte venandi cum avibus) напишано на латински од Фридрих II.

Летање на сокол

Ловот со птици грабливки бил аристократска забава и посебни феудални закони, како и религиозни нарачки биле вмешани во одгледувањето и тренирањето на грабливките, како и во основањето на првите соколарски школи. Тренираните соколи биле ценети како скапоцен поклон од значителна вредност, и често се користеле во дипломатски цели.

Соколарските клубови се формирани со цел за конзервација на соколарските традиции, за развој во одгледувањето, размножувањето и тренирањето на птиците грабливки, како и ловот со нив. Условите за зачленување во ваквите соколарски клубови се:

Почетниците се подготвуваат од страна на искусни соколари и по кус период на пракса се во можност да го полагаат соколарскиот испит. Употребата на птици грабливки во соколарството ја одобрува посебно административно тело за управување со дивечот, а дозволите за поседување и размножување ги дава посебно тело за заштита на природата.

Птици кои најчесто се употребуваат во соколарството се: јастреб кокошкар (Accipiter Gentillis), сив сокол (Falco peregrinus) степски сокол (Falco cherrug) и златен орел (Aquila chrysaetos). Дивеч кој најчесто се лови се еребици, фазани, зајци и лисици.

Чешките соколари користат околу 200 птици за соколарење и околу 40 за вештачко размножување. Секоја година се произведуваат над 350 птици кои се наменети за соколарите или пак за реинтродукција во природа. Голем број соколари се занимаваат со размножување и на други птици грабливки, како што е малечкиот сокол гулабар, па сѐ до различни видови на орли и бувови. Настрана од тренирањето и ловот со птиците грабливки, соколарите играат и важна улога во заштитата на птиците грабливки во природата, вклучувајќи ја и грижата за повредените или хендикепирани единки.

Најпрестижен е годишниот соколарски состанок, кој се одвива во Опочно - Чешка, каде се собираат соколари од цела Европа. Состанокот трае неколку дена, а е пропратен со соколарење на терените кои се богати со разновиден дивеч. Повеќето соколарски клубови се членови или пак се стремат за членство во IAF - Меѓународната Асоцијација за Соколарствоконзервација на птиците грабливки) која постои од 1991 година.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди