Совршено убиство (филм од 1998)

Совршено убиство (англиски: A Perfect Murder) е американски филм од 1998 година, во режија на Ендрју Дејвис. Улогите ги играат: Мајкл Даглас, Гвинет Палтроу и Виго Мортенсен. Филмот претставува преработка на филмот на Хичкок од 1954 година „Заврти У за убиство (Dial D for Murder)“.

Содржина уреди

Богатиот инвеститор на берзата, Стивен Тејлор (го игра Даглас) ја смета својата сопруга Емили (ја игра Палтроу) за својот највреден имот, но таа го изневерува со еден сликар (го игра Мортенсен). Стивен го открива неверството и започнува да планира совршено убиство. За таа цел, тој изнајмува човек кој треба да ја убие Емили при што тоа треба да изгледа како случајно убиство, извршено за време на обид за кражба во неговиот стан. Истовремено, тој си обезбедува алиби и мисли дека неговиот план ќе успее, меѓутоа работите не одат така како што замислил. Борејќи се со напаѓачот, неговата жена успева да го убие и така останува жива. За време на полициската истрага, Стивен делува вознемирен, но на прв поглед, тој нема никаква вина, зашто во времето додека се случило убиството, тој играл карти со своето друштво. Но, како што напредува истрагата, неговото алиби почнува да слабее, а сопругата се сомнева во неговата вмешаност. Истовремено, сликарот почнува да го уценува Стивен, барајќи му пари за да не ја открие неговата вмешаност во обидот за убиството, па затоа Стивен го следи и го убива во возот со кој сликарот планира да побегне. На крајот, Емили го наоѓа доказот за вмешаноста на Стивен и тој мора да ја признае вината. Притоа, во меѓусебната борба, таа во самоодбрана го убива сопругот.[1] [2] [3]

Наводи уреди

  1. „Злосторство како одмазда за неверството“, Антена, број 874, 27.3.2015, стр, 3.
  2. „Лукава одмазда за брачното неверство“, Антена, број 900, 25.9.2015, стр. 3.
  3. IMDb, A Perfect Murder (1998) (пристапено на 28.5.2018)