Снежана Стамеска (Скопје, 1 јануари 1946)[1]македонска филмска и театарска глумица, член на Драмски театар – Скопје.

Снежана Стамеска
Родена 1 јануари 1946(1946-01-01)(78 г.)
Скопје, ДФ Македонија, ФНРЈ
Националност Југословенка
Македонка
Народност Македонка
Позната по улогата во:
Трст виа Скопје
Залез над езерската земја
На наш начин
Солунски патрдии
Македонски народни приказни
Нели ти реков
Занимање глумица

Животопис уреди

Снежана Стамеска е родена во Скопје на 1 јануари 1946 година. Дипломирала на Театарската академија во Белград (1970) и веднаш по дипломирањето е вработена во Драмскиот театар – Скопје, каде одиграла 50-тина улоги.[2]

Творештво уреди

Во својот глумечки живот остварила бројни и забележителни театарски и филмски улоги.

Филмографија уреди

Година Филм Улога
1968 Сопствениците на клучеви ТВ-филм Ќерка на полковникот
1968 Нешто темно и тешко ТВ-филм /
1969 Враќање од рајот ТВ-филм Ванда
1969 Волшебниот воз ТВ мини серија /
1969 Малва ТВ-филм /
1970 Коктел за четворица ТВ-филм /
1970 Александра ТВ-филм /
1971 Жед ТВ-филм Емица
1973 Залез зад езерската земја ТВ-серија Аска
1973 Кукла ТВ-филм /
1973 Луѓе и птици ТВ-филм
1975 Парадоксот на Диоген ТВ-филм Инж. Борика Корда
1975 Картотека ТВ-филм /
1977 Итар Пејо ТВ-серија Митра
1977 Нели ти реков ТВ-филм /
1979 Жена од малтер ТВ-филм Стојна
1980 Учителот ТВ-филм /
1980 Двојка ТВ-филм Цвета
1983 Кога тетин Клименте шеташе над градот ТВ-филм Ленка
1984 Нели ти реков /
1984 Комедијанти ТВ-серија Примадоната
1984 Белото Циганче ТВ-серија Аза
1984 Диво месо филм /
1985 На наш начин ТВ-серија /
1985 Трговецот од Солун ТВ-филм Сара
1986 Солунски патрдии ТВ серија Пандора
1987 За трошка среќа ТВ-филм Рајна
1987 Пикасо ТВ-филм /
1987 1990 Трст виа Скопје ТВ-серија Шина
1987-1990 Чук, чук Стојанче ТВ-серија
1992 Сили во воздухот ТВ-филм Мица
1992 Чернодрински се враќа дома ТВ-филм Мица
1995 Во светот на бајките ТВ-серија /
1998 Македонски народни приказни ТВ-серија
2000 Големи и мали ТВ-серија Марта
2000 Глас Краток филм /
2002 Наше маало ТВ-серија
2005 Бајколенд ТВ-серија Бабата
2005 Сашо и Сашка ТВ-серија
2006 Нави ТВ-филм Нави
2011 Турни ме да Кинисам ТВ-серија Милица
2011-2013 Македонски народни приказни ТВ-серија
2013 Балканот не е мртов ТВ-филм Помошник-продавачка во продавница за капи
2014 До балчак ТВ-филм Селанка на станица
2014-2015 Македонски народни приказни ТВ-серија
2016 Ослободување на Скопје ТВ-филм Лица

Награди уреди

  • 1979 Златен венец за најдобра улога на МЕСС за Лица во "Ослободување на Скопје"
  • 1980 Артст на годината според анкетата на "Екран" за улогата Пандора во претставата "Солунски патрдии"
  • 1985 Награда за улогата на "Вера" во претставата "Среќна Нова '49" на театарските игри "Војдан Чернодрински" во Прилеп
  • 1986 Артист на годината според анкетата не "Екран" за улогата Зоја
  • 1989 Стериина награда за улогата на Мица во "Сили во воздухот"
  • 2000 Прогласена за глумец на годината според списанието "Екран" за улогата за Војницива во "Платонов"
  • 2002 Награда "11-октомври" за 30 годишна плодна глумечка дејност и особено сначајни остварување на полето на уметноста од особен интерес на Република Македонија
  • 2005 Награда Климент Охридски за повеќе годишна успешна творечка работа
  • 2014 Награда за животно дело Војдан Чернодрински

Наводи уреди

  1. „Снежана Стамеска“. IMDb. Посетено на 4 јануари 2021.
  2. „Снежана Стамеска“. Кинотека на Македонија. Посетено на 4 јануари 2021.

Надворешни врски уреди