Смолник

село во Голо Брдо, Албанија

Смолник или Смолница (албански: Smollik) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци-муслимани, но порано било со мешана вероисповед.[1]

Смолник
Smollik
село
Смолник is located in Албанија
Смолник
Смолник
Координати: 41°26′36″N 20°24′37″E / 41.44333° СГШ; 20.41028° ИГД / 41.44333; 20.41028Координати: 41°26′36″N 20°24′37″E / 41.44333° СГШ; 20.41028° ИГД / 41.44333; 20.41028
Земја Албанија
ОбластДебар
ОпштинаБулчица
Општ. един.Зрклени
Надм. вис.&10000000000000735000000735 м
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.BZ

Географија уреди

Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. Има Горно и Долно Маало, распоредени недалеку од левиот брег на Трновска Река, притока на Окштунска Река. На исток, преку второспоменатата река лежи Којовец, а на северозапад се издига планината Гулабица.

Историја уреди

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Смолница (Smolnitza) било село со 15 домаќинства сочинети од 33 жители торбеши.[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) Смолник е поставен во областа Голема Река (Грика Маде) и брои 100 жители.[3]

По Првата балканска војна во 1912 г. Смолник влегол во новосоздадена Албанија.

Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Смолница се води како село со 70 куќи на Македонци-муслимани.[4][5]

Податоците на албанското МВР од 1935 г. говорат дека Смолник имало 49 македонски куќи со вкупно 242 жители, сите муслимани.[6]

Според податок на М. Филиповиќ објавен во 1940 г. селото имало околу 20 куќи на торбеши, иако до неаодамна имало и православни, споменувајќи извесен Тодор во 1922 г. Покрај македонскиот, во Смолник бил застапен и албанскиот јазик.[1]

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Зрклени.

Демографија уреди

Знаменитости уреди

Личности уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Филиповић, Миленко (1940). Голо Брдо: белешке о насељима, о преклу становништва народном животу и обичају. Скопље. стр. 35.
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172 – 173.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 260. ISBN 954430424X.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
  6. Список на населените места со македонојазични жители, по области. Тајна служба на албанското МВР, 1935 г.