Смоланд (швед. Småland) — историска покраина (landskap) во јужна Шведска. Се граничи со покраините Блекинге, Сканија, Халанд, Вестерјетланд, Естерјетланд и островот Еланд во Балтичкото Море. Името буквално значи „мали краишта“.[2] Највисока точка е врвот ридот Томтабакен со 377 м.

Смоланд
Småland
Грб на Смоланд Småland
ЗемјаШведска
КрајЈеталанд
ОкрузиКрунуберг
Калмар
Јеншепинг
Халанд
Естерјетланд
Површина
 • Вкупна29,400 км2 (11,351 ми2)
Население (2009)[1]
 • Вкупно720,358
 • Густина25/км2 (63/ми2)
Народ
 • Наречјесмолендско
Култура
 • Цветлинеја
 • Животновидра
 • Птицадрозд пејач
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.33000–34000
Повик. бр.0372
0433
0459
0470–0478
0480–0493

Управа уреди

Традиционалните покраини во Шведска немаат административна или политичка улога, туку постојат само како културно-историски целини. Покраината е поделена помеѓу три управни округа: Јеншепинг, Калмар и Крунуберг, со мали делови во окрузите Халанд и Естерјетланд.

Население уреди

Смоланд има население од 720.358 жители распоредени во пет окрузи:[1]

Округ Население
Јеншепинг (претежно) 318.343
Калмар (претежно) 208.999
Крунуберг (сосема) 183.162
Халанд (периферно) 7.081
Естерјетланд (периферно) 2.773

Географија уреди

Во пределите преовладува шумовита висорамнина, каде почвата е помешана со песок и камења и затоа е гола и непогодна за земјоделство. Единствен исклучок се крајбрежните делови како Калмарската Рамница. Во покраината изобилуваат езера и блата. Брегот го карактеризираат разни острови и заливи на север и обработена рамница на југ.

Најголеми градови се Јеншепинг (на северозапад), Векше (на југ) и Калмар на источното крајбрежје близу островот Еланд.

Историја уреди

Подрачјето на Смоленд е населено во камено време и тоа пред 6000 п.н.е., кога доселениците Алби преминале ледениот мост преку Калмарскиот Проток.

Името Смоланд („мали краишта“) се должи на фактот што подрачјето во минатото постоеле неколку независни краишта: Кинда (денес дел од Естерјетланд), Твета, Виста, Ведбо, Шуст, Севеде, Аспеланд, Хандберд, Мере, Веренд, Финведен и Њудунг. Во викиншката ера и раниот среден век секој од нив имал свои закони и можел да се прогласи за неутрален во војните на Шведска, барем кога немало присуство на кралска војска во собраниската расправа. Околу 1350, за време на кралот Магнус Ериксон е донесен државен закон со кој покраините изгубиле голем дел од нивната независност.

Калмар е еден од најстарите градови во Шведска. Во средниот век бил најјужниот град во земјата и трет по големина Во тој период бил центар на железарството.

Национални паркови уреди

Смоланд има три национални парка:

Личности уреди

 
Селска куќа во Смоланд во типична црвена боја со бели рабови.

Во местото Елмхулт е роден прочуениот ботаничар Карл фон Лине (1707–1778), наречен „татко на таксономијата“. По себеси го нарекол цвеќето Линеја (Linnaea borealis), кое потоа станало симбол на покраината.

Во истото место е роден и претприемачот Ингвар Кампрад, основач на IKEA.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Статистички податоци - Централна статистичка служба (шведски)
  2. Encyclopaedia Britannica; Micropaedia Volume IX (1974) стр. 278

Надворешни врски уреди

57°06′04″N 14°53′53″E / 57.101° СГШ; 14.898° ИГД / 57.101; 14.898