Сложени програмски јазици

Сложени програмски јазици се оние јазици коишто се поблиски до програмерот, односно програмерот може да ги пишува на својот јазик а подоцна со соодветен компајлер да ги прочита и изврши микрообработувачот. Овие се понови програмски јазици и имаат за цел да ја олеснат работата на програмерот којшто ги пишува програмите на јазик поблизок до него. Обработувачот без соодветен компајлер не може да ги разбере овие јазици.

Поимот "сложени" е пред сè релативен зошто некои јазици како C некои ги сместуваат во сложените а некои во простите, но пред сè е подразбира секој програмски јазик кој е направен со цел да ја олесни работата на програмерот и е близок до него.

Начини на читање на сложените програмски јазици уреди

*Толкуван

Овие јазици директно се читаат и извршуваат без да се компајлираат(преведат) на машински јазик.

*Компајлирани (Преведени)

Овие јазици се преведуваат во извршна форма која ја разбира обработувачот.

*Директно преведени

Овие јазици директно се преведуваат на машински јазик. Типичен пример е програмскиот јазик C.