Слободен Печат

(Пренасочено од Слободен печат)

Слободен Печат — македонски дневен весник, чиј прв број излегол на 19 октомври 2013 година. Главен и одговорен уредник на весникот е Злате Лозановски. Слободен печат е најтиражен и најчитан македонски дневен весник и се дистрибуира низ целата територија на државата. Весникот е препознатлив и по неговите неделни карикатури, кои се пласираат во викенд-изданијата на печатеното издание.

Слободен Печат
Насловна страница
ТипДневен весник
ФорматБ2
УредникЗлате Лозановски
Основан2013
ЈазикМакедонски
СедиштеКеј 13ти ноември, ГТЦ втор кат, локал 12 Д.Е.235, Скопје
Тираж15.000 (2017)
СтраницаЕлектронско издание

Од 2019 година, Слободен печат добива свој интернет-портал slobodenpecat.mk и од 2020 година важи за еден од петте најчитани македонски информативни портали. Од 2019 година, дел од „Слободен печат“ е и видеоплатформата Слободна ТВ. Емитува онлајн-програми на Јутјуб со вести, интервјуа и дебати. Во 2020 година, порталот овозможи читање на содржините на уште пет јазици: англиски, српски, бугарски, грчки и турски. Освен на видео-платформата Јутјуб, Слободен печат е присутен на друштвените мрежи Инстаграм, Фејсбук, Твитер и Линкед-Ин.

Медиумот е член на Здружението на печатените медиуми и на Советот за етика во медиумите. Дел е и од професионалниот регистар на медиуми и членови на Асоцијацијата на печатени медиуми на Југоисточна Европа (МАСЕ), со седиште во Подгорица.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди