Слободан Унковски

Слободан Унковски (Скопје, 17 август 1948) — македонски театарски режисер, универзитетски професор и политичар.

Слободан Унковски

Режисерска кариера уреди

Унковски бил режисер на голем број претстави во Македонија и во странство. На 24 септември 2014 година, неговата поставка на драмата „Три сестри“ од Чехов, а во реализација на Градскиот театар „Гавела“ од Загреб, била прикажана во Скопје, во склоп на фестивалот „Млад отворен театар“.[1]

Награди уреди

Унковски ги има освоено следниве позначајни награди и признанија:

  • Награда 13-ти ноември (1975)
  • Награда од "Трибина младих" за млад театарски работник/Стериино позорје (1975)
  • Награда 11-октомври (1979)
  • Златен венец за режија на претставата "Ослободување на Скопје" (1979)
  • Стериина награда за Диво месо (1980)
  • Награда за најдобра претстава на МТФ "Војдан Чернодрински" за "Среќна нова '49" (1985)
  • Стериина награда за режија на претставата "Кула вавилонска" (1990)
  • Награда за претставата "Чернодрински се враќа дома" на МТФ "Војдан Чернодрински" (1992)
  • Награда за претставата "Демонот од Дебар маало" на Скупи-фест (2007)
  • Награда за најдобра претставата "Три сестри" во Хрватска (2014)
  • Награда за претставата "Солун - град на духови" во Сараево (2016)
  • Орден за заслуги за Македонија (2024)

Политичка кариера уреди

Унковски бил министер за култура во Владата на Република Македонија.

Наводи уреди

  1. „Три сестри на Унковски предизвика огромно внимание“, Утрински весник, број 4594, петок, 26 септември 2014, стр. 18.