Слободан Живојиновиќ

Слободан „Боба“ Живојиновиќ (роден на 23 јули 1963 г.) — поранешен српски тенисер кој се натпреварувал за СФР Југославија. Тој и Ненад Зимоњиќ се единствените српски тенисери кои биле рангирани на првото место на АТП листата во конкуренција на двојки. Во поединечна конкуренција, тој стигнал до полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија во 1985 година и до полуфиналето на Вимблдон во 1986 година, а негов најдобар пласман во кариерата во поединечна конкуреција било 19. место на АТП листата.

Слободан Живојиновиќ
Живојиновиќ на Вимблдон
ЗемјаЈугославија Југославија
Место на живеењеБелград, Србија
Роден на23 јули 1963(1963-07-23)(60 г.)
Роден воБелград, СФР Југославија
Спорт Тенис
Висина&100000000000001980000001,98 м
Професионалец1981
Пензинониран(а)1992
Игра соДесна рака
Заработка$1,450,654
Поединечно
Победи-порази150–138
Титули2
Највисок пласманБр. 19 (26 октомври 1987)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенПФ (1985)
Ролан Гарос3К (1988)
ВимблдонПФ (1986)
УС Опен3К (1987)
Во двојки
Победи-порази151–102
Титули8
Највисок пласманБр. 1 (8 септември 1986)

Тениска кариера уреди

Живојиновиќ настапил за СФР Југославија како петнаесетти носител на Летните олимписки игри 1988 во Сеул, Јужна Кореја, и бил поразен во второто коло од французинот Ги Форже.

Тој освоил две титули во својата кариера во поединечна конкуренција (Хјустон, 1986 и Сиднеј, 1988), како и осум титули во двојки. Највисоко место на АТП листата во поединечна конкуренција, Живојиновиќ постигнал на 26 октомври 1987 година, кога бил на 19. светски тенисер.

На Гренд слем турнирите, Живојиновиќ двапати успеал да стигне до полуфинале. Како играч кој не бил носител на Отвореното првенство на Австралија во 1985 година, тој незаборавно забележал победа над Џон Мекинро во пет сета во четвртфиналето за да се пласира во полуфиналето (каде загубил во три сета од Матс Виландер). Следната година, тој стигнал до полуфиналето на Вимблдон, во кое во пет сета бил поразен од Иван Лендл.

Во текот на кариерата, Живојиновиќ остварил биланс од 150 победи и 138 порази. Поголем успех тој постигнал во игра на двојки, освојувајќи ја титулата на Отвореното првенство на САД во 1986 година заедно со Андрес Гомес. Истата година тој победил на уште три турнири. На 8 септември 1986 година, тој бил рангиран на 1. место на АТП листата во двојки.

Титили во кариерата (10) уреди

Поединечно (2) уреди

Легенда
Гренд слем (0)
Тениски Мастерс куп (0)
АТП турнири (2)
Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
1. 17 ноември 1986 Хјустон, САД Тепих   Скот Дејвис 6–1, 4–6, 6–3
2. 10 октомври 1988 Сиднеј, Австралија Тврда   Ричард Матужевски 7–6(10–8), 6–3, 6–4

Двојки (8) уреди

Легенда
Гренд слем (1)
Тениски Мастерс куп (0)
АТП турнири (7)
Бр. Датум Турнир Подлога Партнер Противници Резултат
1. 8 јули 1985 Бостон, САД Тврда   Либор Пимек   Петер Мекнамара
  Пол Мекнејми
2–6, 6–4, 7–6
2. 17 март 1986 Брисел, Белгија Тепих   Борис Бекер   Џон Фицџералд
  Томаш Шмид
7–6, 7–5
3. 24 март 1986 Ротердам, Холандија Тепих   Стефан Едберг   Војтек Фибак
  Мат Мичел
2–6, 6–3, 6–2
4. 26 август 1986 Отворено првенство на САД, Њујорк Тврда   Андрес Гомес   Јоаким Нистрем
  Матс Виландер
4–6, 6–3, 6–3, 4–6, 6–3
5. 23 март 1987 Брисел, Белгија Тепих   Борис Бекер   Чип Хупер
  Мајкл Лич
7–6, 7–6
6. 30 март 1987 Милано, Италија Тепих   Борис Бекер   Серхио Касал
  Емилио Санчес
3–6, 6–3, 6–4
7. 8 октомври 1988 Токио, Јапонија Тепих   Андрес Гомес   Борис Бекер
  Ерик Џелен
7–5, 5–7, 6–3
8. 12 февруари 1990 Брисел, Белгија Тепих   Емилио Санчес   Горан Иванишевиќ
  Балаш Тароци
7–5, 6–3

Титули во екипни натпреварувања (1) уреди

Бр. Датум Натпреварувања Подлога Партнер/Тим Противници во финалето Резултат
1. 27 мај 1990 Светско екипно натпреварување, Диселдорф, Германија Земја   Горан Иванишевиќ
  Горан Прпиќ
  Џим Куријер
  Бред Гилберт
  Кен Флах
  Роберт Сегузо
2–1

Гренд слем настапи уреди

Турнир 1982 1983 1984 1985 1986 1987 1988 1989 1990 1991
Отворено првенство на Австралија A A A ПФ НО A A
Отворено првенство на Франција A A
Вимблдон A A A ПФ ЧФ
Отворено првенство на САД A A A A A A
Гренд слем 0 / 1 0 / 0 0 / 1 0 / 4 0 / 3 0 / 4 0 / 3 0 / 4 0 / 2 0 / 1
  • A = не настапил на турнирот
  • НО = турнирот не бил одржан

Надворешни врски уреди

Спортски позиции
Претходник
  Јаник Ноа
  Андрес Гомес
  Андрес Гомес
Светски Бр. 1 (двојки)
25 август 1986 - 7 септември 1986
22 септември 1986 - 19 октомври 1986
10 ноември 1986 - 23 ноември 1986
Наследник
  Андрес Гомес
  Андрес Гомес
  Андрес Гомес
Претходник
Бошко Ивановиќ
Претседател на Тениска федерација на Србија
2006–2011
Наследник
Вук Јеремиќ