Слатина (Воденско)

Слатина или Слатино (грчки: Χρυσή, Хриси; до 1926 година: Ζλάτινα, Златина[2]) — село во Мегленско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Меглен, во Централна Македонија, Грција.

Слатина
Χρυσή
Урнатините на Мегленската тврдина кај Слатина
Урнатините на Мегленската тврдина кај Слатина
Слатина is located in Грција
Слатина
Слатина
Местоположба во областа
Слатина во рамките на Меглен
Слатина
Местоположба на Слатина во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°57′N 22°07′E / 40.950° СГШ; 22.117° ИГД / 40.950; 22.117
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаМеглен
Општ. единицаКапињани
Надм. вис.&10000000000000120000000120 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно256
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа југоисточно од градот С’ботско, на самиот крстопат Воден-С’ботско-Фуштани, на надморска височина од 120 метри.[3]

Селото се наоѓа на 5 километри јужно од селото Капињани, во котлината Меглен.

Историја уреди

Во негова непосредна близина се урнатините од градска тврдина, наречена Мегленска тврдина, освоена од византискиот цар Василиј II во 1014 година.[3] Тврдината била ископувана во 1890 година. Во селото во XVIII век е родена и до својата смрт живеела светицата Злата Мегленска.

Во средината на XVIII век, Слатина е село во нахијата Караџа, Ениџевардарска каза. Потоа, селото водело спор со жителите на соседното село Капињани, кои биле обвинети за насилно одземање на пасиштата на Слатина.[4]

Слатина до 1924 година било населено исклучително со македонско население, чиј поголем дел во немирните години, заради поголема семејна и имотна сигурност, ја сменил својата вера и се исламизирал.[3]

Во 1924 година, македонските муслимани во согласност со Лозанскиот договор, биле принудени да се иселат во Турција, а на нивно место грчките власти населиле поголем број бегалски семејства од Понд и Мала Азија (вкупно 270 бегалци). Според пописот во 1928 година, селото претставувало мешана населба со 159 бегалски семејства со вкупно 664 жители.[5]

Во 1926 година, името на селото било променето во Хриси (Χρυσή) во чест на името на светицата Злата Мегленска, родена и почината во селото.[6]

Стопанство уреди

Почвата е многу плодна и делумно се наводнува. Населението произведува жито, тутун, овошје и други земјоделски производи, а донекаде е развиено и сточарството.[3]

Население уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Слатино (Slatino) е село во Воденската каза со 69 куќи и 146 жители.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Карладово живееле 950 Македонци-муслимани,[3][8] иако најверојатно погрешил, додека егзархиската статистика правилно го води со 980 Македонци-муслимани и 42 Македонци христијани.[3]

Во 1920 година, Слатина е македонско-муслиманско село со 91 куќа, од кои 5 на Македонци христијани и 86 на Македонци-муслимани.[3][9]

Селото во пописот од 1913 година било забележано со 657, а во 1920 година со 641 жител. Во 1924 година била извршена размената на население, односно муслиманите биле принудно иселени во Турција, а на нивно место биле доселени грчки бегалски семејства од Понд и Мала Азија, вкупно 270 бегалци. Во 1928 година заедно со бегалците и помалобројните Македонци, селото броело 575 жители, во 1940 година имало 825, во 1951 година 813, во 1961 година 834, во 1971 година 613, во 1981 година 450, а во 1991 година 461 жител. Намалувањето на бројот на населението, особено во шеесеттите години, се должело на преселувањето на жителите во поголемите градски центри во земјата.[3]

Според извештај од 1993 година, во селото било забележано дека на средно ниво се говори македонскиот јазик.[10]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 395 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 281 жител.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 825 813 834 613 450 461 395 281 256
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Во 1930 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 15 квадратни километри.[3]

Селото припаѓа на општинската единица Капињани со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Меглен, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Слатина, во кој е единствено село.

Личности уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ζλάτινα -- Χρυσή
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 100.
  4. Грозданова, Елена и Стефан Андреев. Малките селски войни, во: Контрасти и конфликти „зад кадър“ в българското общество през XV-XVIII век, София 2003, с. 441.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159.
  8. Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 148.
  9. Милојевић, Боровоје. Јужна Македонија - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927 (διοικητικά όρια 1911) Архивирано на 27 март 2013 г.
  10. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"

Белешки уреди