Славица Ќуктераш (Шабац, 28 јануари 1985) е српска поп-фолк пејачка.

Славица Ќуктераш
Родена = 28 јануари 1985
Шабац СР Србија, СФРЈ
Националност Србинка
Позната Вокал, виолина, кларинет
Занимање Пејачка

Животопис уреди

Свирела виолина четири години. После тоа, се запишала и завршила нижо музичко училиште, отсек кларинет, а по завршувањето, се запишала во средно музичко училиште, теоретски отсек.

Со микрофон во раце првпат застанала во шестата година со песна на Лепа Брена. Пишувала и текстови за песни. Учествувала во првата сезона на музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранд 2004 година и во финалето го освоила шестото место. Истата година ја снимила и својата прва песна "Живот ми одузми". Првиот албум Нема правила го објавила во 2005 година. Хитовите од албумот се: Превари ме, Вотка, Зваќеш је мојим именом... Наредната година учествувала на Гранд фестивалот и го објавува својот друг албум со кој најголемите хитови се песните Мргуд и Ќирибу, ќириба. На Гранд фестивалот во 2008 година учествува со песната Ја те само подсеќам на њу и во финалето го освојува шестото место. Истата година го објавува албумот Exclusiva со хитовите: Exclusiva, Манастир, Манија, Ружо бела... Албум Невреме го објавила во 2011 година. После четирите снимени албуми, Славица се повлекла од естрадата и после година и пол дена, ја напуштила Гранд продукцијата и се пријавила на втор Пинков фестивал со песната Просјак.[1][2]

Потоа Славица се повлекла од сцената и се омажила за Влада Аврамов со кој има ќерка Викторија која ја добиле во 2016 година.[3] После три години музичка пауза, Славица во 2018 година се вратила на сцената со песната Да бих с тобом остала.[4] Истата година ја објавила песната Буди само мој.

Дискографија уреди

Синглови уреди

  • Живот ми одузми (2004)
  • Воли ме - дует со Бане Мојиќеви (2006)
  • Mon amour (2007)
  • Крвна слика (2012)
  • Тачно је - дует со Дадо Полумента (2012)
  • Као нова (2013)
  • 24 сата (2013)
  • Просјак (2015)
  • Да бих с тобом остала (2018)
  • Буди само мој (2018)
  • У пролазу (2018)

Спотови уреди

Спот Година Режисер
Змија и жаба 2009 -
Као нова 18.07.2013. Дејан Милиќевиќ
Да бих с тобом остала 03.06.2018. Миомир Милиќ
Буди само мој 30.08.2018. Миомир Милиќ
У пролазу 29.12.2018. Миомир Милиќ

Фестивали уреди

Наводи уреди