Скочивирски манастир

манастир во Македонија

Скочивирски манастирманастир во јужниот дел на Македонија, на северозападните падини на планината Ниџе, во близина на селото Скочивир.[1]

Скочивирски манастир
Поглед на манастирот
Информации
Целосно имеСкочивирски манастир
Други имињаМанастир „Свети Архангел Михаил“
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наАрхангел Михаил
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
ЦрквиЦрква „Св. Арханел Михаил“
Личности
Место
МестоСкочивир, Општина Новаци Македонија Македонија
Координати40°58′11″N 21°38′32.7″E / 40.96972° СГШ; 21.642417° ИГД / 40.96972; 21.642417
Видливи остатоциедна црква, конаци, чешма, трпезарија, помошни објекти
Отворен за јавностада
Други информации(Краварско-бачка парохија)

Историја уреди

Според преданието, манастирот бил основан во 1870 година[б 1] по побуда од страна на млада девојка по името Анѓа, која сонила дека треба да преноќи во месноста Џајкова Чука и на тоа место да остави некој нишан. Со тек на време, на тоа место бил изграден мал манастир посветен на Архангел Михаил, до извор од којшто мештаните веруваат дека тече света лековита вода. Во 1967 година, мештаните ја започнале изградбата на манастирската црква нешто погоре од стариот манастир. Манастирската црква била реновирана во 1998 година кога се изградени и манастирските конаци.[2]

Градби уреди

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конаци, чешма, трпезарија и помошни објекти.

Црква „Св. Архангел Михаил“ уреди

Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Кон десната страна на храмот, непосредно пред главниот влез, е прилепена камбанаријата.

Галерија уреди

Белешки уреди

  1. Над влезот на еден од помошните објекти има мермерна плоча на којашто е наведена 1836 година.

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 12. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Скочивир Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски уреди