Скопски Регион

регион во Македонија

Скопски Регион — еден од осумте статистички региони во Република Македонија. Овој регион се наоѓа во северниот дел на Македонија и се граничи со Косово на север, како и со следните региони: Вардарскиот, Полошкиот, Североисточниот, Источниот и Југозападниот Регион. Центар на регионот е градот Скопје.

Скопски Плански Регион
Регион
Грб
Потекло на името: Името потекнува од името на Скопје и Скопската Котлина.
Земја Македонија Македонија
Површина 1,812 км2
Население 607,007 (2021)
Основано 2009
Часовен појас UTC +1
Повикувачки бр. 02
Oпштини 17 + Град Скопје
Седиште Скопје
Раководител М-р Љупчо Кец-Мицковски
Контакт 02/ 3218-481
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Портал: Официјално мрежно место

Општини уреди

Овој регион ги опфаќа општините од градот Скопје и неговата непосредна околина. Тие се:

 
Карта на општините.

Демографија уреди

 
Демографска карта на регионот.

Население уреди

Овој регион има население од 607.007 жители и со тоа е најнаселен регион во Македонија.

Најголеми населени места уреди

Најголеми населени места во Скопскиот Регион се:

Ранг Место Население
1 Скопје 422.540
2 Драчево 9.573
3 Студеничани 8.004
4 Арачиново 7.991
5 Сингелиќ 7.829
6 Батинци 7.267
7 Волково 6.402
8 Радишани 6.066
9 Илинден 5.161
10 Марино 4.538

Етнички групи уреди

Најголема етничка група се Македонците, но во овој регион има и:

Број %
Вкупно 571. 040 100
Македонци 340.402 61.1
Албанци 153.003 27.5
Роми 19.142 3.4
Срби 12.474 2.2
Турци 12.357 2.2
Бошњаци 10.986 2.0
Власи 2.827 0.5
други 6.169 1.1

Религија уреди

Најголема религија во регионот е православието.

Број %
Вкупно 571.040 100
Христијани 352.040 63.4
Муслимани 196.195 35.3
друго 7.582 1.3

Поврзано уреди