Скијачко трчање – популарна дисциплина на нордиско скијање. Се работи за техника на скијање која се користи главно при рамни површини прекриени со снег. Најраширено е во земјите во кои настанало, т.е. во нордиските земји – Финска, Норвешка, Шведска. Нордиското скијање е популарен вид рекреација, но и натпреварувачки спорт кој е стандарден на Зимските олимписки игри.

Скијачко трчање
Приит Наруск на квалификациите за Тур де ски 2007-08 во Прага
Највисоко владеечко телоМСФ (FIS)
Прекар(и)крос кантри
Карактеристики
Мешани половиПосебни натпревари за мажи и жени
Категоризацијанордиско скијање
Опремаскии, штеки, чизми, ски-спојки
Олимписки1924
Параолимписки1976
Скијачко трчање

Историја на скијачкото трчање уреди

Скијачкото трчање е веројатно најстариот вид на скијање. Настанало првенствено како потреба за едноставен транспорт на луѓе преку заснежени и замрзнати површини во ладните подрачја, особено северна Европа и Азија. Едноставни цртежи на човечки фигури кои одат на скии може да се најдат изгравирани во стени во Скандинавија, или на украсени предмети (тапани итн.) од старата лапонска традиција. Во скијачкиот музеј Холменколен (Осло, Норвешка) може да се видат скии за одење од VI век од нашата ера, па сè до XVIII век. Денес оваа варијанта на скијање е раширена на сите континенти на северната полутопка.

Натпреварувања во скијачко трчање уреди

Натпреварите во скијачко трчање опфаќаат цел распон на должини на патеките, од т.н. спринт трки од неколку километри, па до маратонот од неколку десетици километри. Дисциплините и правилата на натпреварување ги пропишува Меѓународната скијачка федерација (FIS).

Скијачкото трчање е стандарден спорт на Зимските олимписки игри. Меѓународната скијачка федерација (FIS) исто така организира Светски куп како и Светски првенства.

Освен тоа, скијачкото трчање е составен дел на два комбинирани спорта: нордиска комбинација, која го поврзува скијачкото трчање и скијачките скокови, како и биатлонот, кој го поврзува скијачкото трчање и стрелаштвото.

Стилови на скијачко трчање уреди

Познати се три стила на скијачко трчање: класичен стил, слободен стил и телемарк.

Кај класичниот стил највообичаен е дијагоналниот чекор, кај кого замавот со рацете и нозете се изведува наизменично, со оттурнување со по една штека. Постои и чекор кај кој се користи истовремено оттурнување со двете штеки, со замав само на едната нога или без ножен замав. За нагорнина се користи т.н. „рибја коска“, при што зад скијачот остануваат траги по чиј облик овој чекор го добил името.

Слободниот стил за разлика од класичниот дозволува странично оттурнување со скиите кои не мораат да бидат паралелни. Варијанти на овој чекор потсетуваат на чекорот на оттурнување кој го користат лизгачите при брзо лизгање или при возење ролери, иако се разбира вклучува и оттурнување со штеките.

При двете техники при минување на надолните се користи аеродинамична наведната положба слична на положбата на алпски скијач при спуст. Исто така при вртење на надолнина, натпреварувачот може да употреби и телемарк техника, имајќи предвид дека ски-спојката му дозволува подигнување на петицата од површината на скијата.

Здравствена страна на скијачкото трчање уреди

Скијачкото трчање се вбројува меѓу спортовите со најдобар распоред на работа на телото на целокупната мускулатура, но и меѓу спортовите каде телото најприродно го поднесува напорот на физичката активност. Едноставно речено, тешко дека може да се замисли подобра физичка активност, особено во зимските месеци кога условите за занимавање со спорт – особено со аеробен спорт, се намалуваат драстично. Натпреварувачите кои се занимаваат со овој спорт претставуваат школски пример за балансирано градени атлети.

Повредите се многу ретки. Типичните повреди кои се јавуваат при алпско скијањеалпското скијање (паѓања, кршење на коски) овде нема ни говор. Евентуалните паѓања при скијачкото трчање се случуваат при мали брзини и на мека подлога.

Во нордиските земји, со присутни проблеми на депресија во зимскиот период, забележано е позитивно психичко делување на скијачкото трчање.

Опрема за скијачко трчање уреди

За скијачко трчање потребни се скии, кои во споредба со скиите за алпско скијање се битно потесни и подолги. За класичен стил скиите се долги од 195 до 210 см, додека за слободен стил се долги од 170 до 200 см.[1] Скијачките стапови се исто така подолги отколку кај алпските варијанти, бидејќи ваквите штеки овозможуваат поефикасно оттурнување. Скијачки спојкиСкијачките спојки во скијачкото трчање овозможуваат подигање на петицата од површината на скијата, додека прстите се прицврстени така што овозможуваат оттурнување и притисок на скијата.

Цената на опремата е значително пониска во споредба со опремата за алпско скијање.

Наводи уреди

  1. „Cross Country Skiing Equipment and History“. International Olympic Committee.

Надворешни врски уреди