Ска е музички правец кој потекнува од доцните педесетти години во Јамајка, и е предвесник на рокстеди и реге музиката[1]. Ска музиката е комбинација на елементи од карипско менто и калипсо со амерчките џез ритам и блуз. Карактеристичен е по водечката бас линија потенцирана со весел ритам. Во раните шеесетти години, ска музиката била доминантен музички жанр од Јамајка и станал популарен помеѓу британските модови. Подоцна станува популарен помеѓу скинхедсите. Музичките историчари вообиачено, историјата на ска музиката ја делат на три периоди: оригинална јамајска сцена од 1960(прв бран), англиското "2 Тонови" ска заживување од доцните седумдесетти(втор бран) и трет бран на ска движењето, кое започнува во осумдесеттите години, покачувајќи ја популарноста на оваа музика во САД во деведесеттите години.

Симбол на ска музика

Потекло на поимот уреди

Има различни теории околу потеклото на зборот ска. Ернест Ранглин тврди дека термниот е искован од музичарите однесувајќи се на гитарското гребење и дрндање за време на свирењето т.н "скат! скат! скат!". Другото објаснување е дека за време на снимањето во 1959, продуцирано од Коксон Дод, басистот Клует Џонсон му наложува на гитаристот Ренглин да свири во ритамот на "ска,ска,ска", иако Ренглин го негира ова, и тврди - "Клу не би можел да ми каже како да свирам!" Друга теорија е дека произлегува од зборот на Џонсон "скавови", со кој бил познат додека ги поздравуал пријателите. Џеки Мито инсистира на тоа дека музичарите сами го нарекувале ритамот "Стаја Стаја", и дека Бајрон Ли е тој што прв го воведува терминот ска. "Гитарата и пианото прават ска звук, како "ска ска", и поради тоа денес ја викаме музиката ска." - Дерик Морган Ернест Ранглин ја опишува разликата помеѓу "Ар ен Би" музиката и ска, и тоа дека ударот порано одел во стилот на "chink-ka" а подоцна како "ka-chink".

Историја уреди

По втората светска војна, во Јамајка се зголемува бројот на купени радио приемници и со тоа им се дава можност на Јамајчаните да ја слушаат ритам и блуз музиката од градовите во јужниот дел на САД, како Њу Орлеанс, од артистите Фетс Домино и Луис Џордан. Стационирањето на американските воени сили за време и по војната, овожможува жителите на Јамајка да можат да ја слушаат американската музика по радијата на воените сили на САД, имајќи постојан прилив од музички записи и изданија. За да се задоволи побарувачката на музиката, претприемачите како Принц Бастер, Клемет Дод и Дјук Реид формираат саунд систем(група на музичари, диџеи кои ја негуваат ска музиката). Кога џамп блузот и повеќете традиционални "Ар ен би" жанрови почнуваат да се одливаат во Јамајка во раните шеесетти, јамајските изведувачи започнуваат со снимање свои верзии од овие жанрови. Стилот се состел од "4-triplet phrase" но бил карактеризиран со сецкање и трокирање при свирењето на гитара, познато како "апстроук" или "сканк". Потоа хорна која го презема и често го следи сканкот и пианото, пополнувајќи ги бас линиите, повтрорно свирејќи "сканк". Тапаните го задржуваат 4/4 такт, а бас тапанот се потенцира на третиор удар од секоја "4-triplet phrase". Звукот на апстроукот исто така може да се најде и во другите форми на карипска музика, како менто и калипсо. Една теорија околу потеклото на ска музиката, ни кажува дека Принц Бастер ја создал за време на воведната сесија на снимањето за неговата нова музичка куќа Вилд Белс. Сесијата била финансирана од Дјук Реид, кој требало да добие половина од песната за да може ја издаде. Сепак, тој добива само една песна која била од тромбонистот Рико Родригес. Помеѓу парчината музички записи, кои биле снимени се и "Деј гот ту го", "Ох Каролина", и "Шејк а лег". Според реге историчарот Стив Беров, за време на сесијата, Принц Бастер му дофрлил на гитаристот Џех Џери - "change gear, man, change gear". Гитарата започнува да ги пополнува вториот и четвртиот удар во тактот, кој придонесува за создавањето на нова музика. Тапаните се преземени од традиционалните јамајски и маршови стилови. За да го создаде ска ударот, Принц Бастер суштински го превртува "Ар ен би" мешаниот удар, истакнувајќи го "офбитот" со помош на гитара. Принц Бастер јасно го наведува американскиот ритам и блуз како музички жанр од кој потекнува ска музиката, конкретно песните на Вили Џексон "Летр фор д Гетор", "Ох Каролина" и "Хеј хеј мр.Бери". Првата ска снимка е создадена во објектите како "Студио оне" и "ВИРЛ Рикордс" во Кингстон, Јамајка, со продуцентите Дод, Реид, Принц Бастер и Едвард Сеага. Ска звукот се совпаѓа со славеничките чувства околу доделувањето независнот на Јамајка од страна на Обединетото Кралство во 1962. Настанот се празнува со песните на Дерик Морган како "Форвард Марч", и песната на Д Скаталитис - "Фридом Соунд". Поради тоа што новата независна држава Јамајка не ја ратификува Бернската конвенција за заштита на литературните и уметничките дела , до 1994 авторските права не биле проблем во создавањето на голем број копии и преработки од нивните ска песни. Јамајските музичари како Д Скаталитис често снимале инструментални ска верзии на песни од популарната американска и британска музика, како тие од Битлси, хитовите "Мотовн" и "Атлантик соул", потоа музички подлоги за филмовите, или сурф рок инструментлаките. Бендот на Боб Марли Д Вејлерс ја обработува песната на Битлси "Енд ај лов хр", и драстично ја ре-изведиа песната на Бон Дилан "Лајк а ролинг стонс". Бајрон Ли & Д Драгниарис свиреле ска во 1964 на светскиот саем во Њујорк со Принц Бастер, Ерик Морис-Монти и Џими Клиф. Како музиката се променува во САД, така и самиот правец ска е подложен на промени. Во 1965 и 1966, кога американската соул музика стана побавна и поздодевна, ска музиката го променува звукот и еволуира во рокстеди музика. Сепак, славата на рокстеди музиката е сосема кратка. До 1968, ска музиката еволуира повторно во реге.

Жанрот "2 Тонови" уреди

"2 Тонови" жанрот чиј почеток е во доцните седумдесетти години во областите околу градот Ковентри, Англија, е мешавина од јамајска ска ритам и мелодија со панк-рок агресивни гитарски акорди и текстови. Споредено со ска музиката од шеесеттите години, "2 Тонови" музиката има побрзо темпо и целосна инструментализација. Жанрот е именуван по "2 Тон рекордс", музичка куќа создадена од Џери Демерс од Д Спешлс. Во многу случаи, преработката na класичните ска песни ги лансира оригиналните песни на врвот на топ листите како хитови во Обединетото Кралство "2 Тонови" движењето промовира расно обединување во време кога расните тензии биле на високо ниво во Обединетото Кралство. Тука се многу песни на Спешлс кои ја зголемуваат свеста на човекот за проблемите со расизмот, насилството и проблемите во пријателствата. Бунтовите во британските градови биле дел од тоа движње, кога за време на тоа лето, песната на Д спешлс "Гост Таун" станува хит, иако овоj музички запис е во поспор реге ритам. Повеќето бендови во овој жанр биле мулти-расни(во бендовите имало членови и од црна и од бела раса), како Д бит(познати како Инглиш бит во Северна Америка, и Бритиш бит во Австралија), Д Спешлс и Д Селектор. Иако бендот Меднес се најде само со една песна во "2 Тон рекордс", тој стана еден од најефикасните бендови доведувајќи го овој жанр до мејнстримот.

Трет бран уреди

До раните осумдесетти години, влијанието на "2 Тонови" жанрот започна да се шири насека по светот, така што ска бендови почнаа да се создаваат во САД и останатите држави. Д апстонс од Беркелеј, Калифорнија, и Д Тостерс од Њујорк, формирани во 1981, се наоѓаат помеѓу првите активни ска бендови во Северна Америка, најчесто споменати како најзалужни за поставувањето на темелите на американската ска музика и оформувањето на сцената во нивните региони. Додека мнозинството од првите американски ска бендови продолжува со создавање музика од "2 Тонови" жанрот и ги заживаат модовите како бендот Унтачаблс од Лос Анџелес. Потоа бендовите Фишбон од Лос Анџелес(формирани 1979) Д мајти мајти бостонс од Бостон(формирани 1985) и Оперејшн Ајви од Брекелеј(формирани 1987) се пионерите на под-жанрот познат како ска-панк, мешавина на ска и панк-рок, во којшто обично се минимизира "Ар ен би" влијанието во корист на побрзото темпо и дисторзирана гитара. На источните брег од САД, првиот познат ска бенд е Д Тостерс, кои свират под влијание на "2 Тонови" жанрот, но помаѓајќи да се отвори патот за третиот бран на ска движењето. Во 1982, фронтменот на Тостерс Роберт Хинглеј - Бакет ја создава музичката куќа "Мун Ска Рекордс", која станува најголема музичка куќа за ска музика во Америка. Д Аптонс се појавуваат на ска сцената во Беј Ариа во Калифорниа во 1981, кога бендот во кој членуваат студенти од високата школа на Беркелеј, продолжуваат да свират, распродавајќи ги настапите во Беј Ариа цели седум години. Нивната самонеречена снимка од 1984 е издадена за музичката куќа "Хови Клеин 415". Д аптонс како ска-панк бенд, се земени за инспирација на калифорниските бендови како Оперејшн Ајви, Ренцид и Сублајм. Во 2002 , бендот се реоформува и продолжува со снимање и настапи на западниот брег од САД. Оранж Каунти во Калифорнија, е една од навлијателните области за бендовите од третиот бран на ска сцената, кои потекнуваат од почетокот на деведесеттите години. За околу десет години, областа станува појдовна точка за многу успешни ска бендови од третиот бран. Некои од тие ска бендови имаат одличен успех на комерцијален план, иако само кратко постоеле. Д хипос и Сејв Ферис доживуваат комерцијален успех со албумите "Хедс ар гона рол" и "Ит минс евритинг". Двата бенда се вклучени во неколкуте филма за создавање на музичката подлога во деведесеттите години. Д Аквабетс остануваат еден од неколкуте бендовие кои започнаа на Оранж Каунти и опстјуваат до денес. Сепак, бендот воглавно не свири ска на дваете нови изданија насловени како "Чарџ" и "Хај фајв соуп". Истото се однесува и на Голд Фингер, кои иако започнаа како активен бенд на ска сцената, го исфрлија ска звукот од бендот во 2001. Во почетокот на деведесеттите години, радио шоуто емитувано на "Ска Параде", помогна околу популаризацијата на терминот трет бран ска музика, и ги промовираа многуте јужно калифорниски ска бендови, како Саблајм,Но даубт, Рил биг фиш и Летс гоу боулинг. Во 1993, ска-кор бендот Мајти мајти бостонс потпишуваат за "Меркјури Рекордс" и се појавуваат на филмот "Клулес", со првиот меинстрим хит "Верд ју го". Околу тоа време, многу ска песни станаа хитови на познатите радија, вклучувајќи ги и "Спајдрвебс" од Но Даубт, "Сел аут" на Рил биг Фиш(која го достигна десеттото место на "Билборд модерн рок чартс" во 1997) и Д импрешн "деt ај гет" од Мајти мајти бостонс. Во 1993, Луис П. Кориа ја основа музичката куќа "Стеди Бит Рекордингс" во Лос Анџелес, Калифорнија. Музичката куќа се фокусира повеќе на ска стилот од шеесеттите години и создава контра баланс со музиката која доаѓа од Оранж Каунти во тоа време. Инспириран од првобитните бендови како Д скаталитис со чистиот тврд звук од западниот брег помешан со повеќе џез и латино влијание, музичката куќа станува епицентар на различните видови музика за повеќето традиционални музички сцени кои се наоѓаа во обласите во Лос Анџелес. Бендовите како Хепкет, Оушн 11, Јеска, Д алентонс, Кинг Вили, Мобтаун, Си спот го продолжија овој правец до денес. Во 1994, Мет Колјер од бендот Д планет смешерс, ја создаде музичката куќа на третиот бран од ска музиката именувана како "Стомп Рекордс". Во 1996, Мајк Парк од Сканкин Пикл ја оформи "Азиан Ман Рекордс", која станува најголемата музичка куќа за овој правец на музиката на западниот брег од САД. Исто така во 1996, бендот Лес ден џејк ја оформи музичката куќа "Фуелд бај Рејмен", во која што се застапени помалку познатите бендови од овој жанр, а подоцна станува успешна музичка куќа за успешните поп-панк бендови како Фол аут бој и Парамор. Во 1997, Брет Гуревитц(од бендот Бед релиџн) и Тим Армстронг ја основаа "Хелкет Рекордс", во која се застапени повеќе панк бендови, но исто така и неколку ска и ска-панк изведувачи. До крајот на деведесеттите години, интересот кон ска бендовите на третиот бран опадна поради зголемениот интерес на останатите музички жанрови. "Мун Ска Рекордс" пропадна, но "Мун Ска Јуроп", лиценциран застапник во Европа, продолжи со застапувањето ска бендови во текот на 2000 година, а подоцна започна одново како "Мун Ска Ворлд". Во 2003, Хинглеј ја лансира новата ска музичка куќа именувана како "Мегалит Рекордс".

  1. „Ska“. Encyclopædia Britannica. Hussey Dermot. стр. http://www.search.eb.com/eb/article–9118222.