Си (река)

река во јужна Кина

Си (кинески: 西江, пинјин: Xī Jiāng, Сиѓанг; кантонски јитпинг: Sai1 gong1, Сајгунг) или Западна Река — река во јужна Кина, западна притока на Бисерната Река. Се образува со слевањето на реките Гуеј и Син во Вуџоу, Гуангси. Реката потоа тече на исток низ покраината Гуангдунг, и навлегува во делтата на Бисерната Река веднаш источно од клисурата Лингјенг во Џаоќинг. Главниот тек на Си тече на југоисток низ делтата и се влева во Јужнокинеското Море кај Модао Мен, веднаш западно од Макао. Поважни градови по течението на Си се Вуџоу, Џаоќинг и Ѓангмен.

Си
Си во Џаоќинг
Системот на Бисерната Река со реката Си
Изворно име西江  (кинески)
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоГуеј и Син во Вуџоу
Устие 
 • место
делта на Бисерната река, Јужнокинеско Море
Проток 
 • просечен7.410 м3[1]
Особености на сливот
Притоки 
 • левиХе

Другите две крупни притоки на Бисерната Река се Дунг (Источна Река) и Беј (Северна Река).

Си е пловна долж целото течение и претставува важна стопанска сообраќајница во јужна Кина, поврзувајќи ги градовите на делтата со внатрешноста на земјата. Пред повеќе од илјада години е прокопан каналот Лингќу, кој го поврзува сливот на Си (реката Ли, притока на Гуеј) со реката Сјанг, која се влева во Сината Река (Јангцекјанг), образувајќи непрекината сообраќајница од делтата на Бисерната Река до долината на Сината Река.

Целиот речен систем на Си е најголемиот меѓу сите притоки на Бисерната река. Долг е 2.197 км и има втор најобемен проток во Кина, веднаш по Сината Река. Служи за водоснабдување на многу места во Гуангси, Гуангдунг и Макао.

Постои и друга река со истото име, но таа е мала притока реката Ѓулунг северозападно од Сјамен.

Речен систем уреди

Речен систем на Си (закосени се реките што течат вон Гуангси)
Фучуан (富川江) Хе (贺江) Си (西江)
Ли (漓江) Гуеј (桂江)
Бејпан (北盘江) Хунгшуеј (红水河) Ќен (黔江) Син (浔江)
Нанпан (南盘江)
Жунг (融江) Љу (柳江)
Лунг (龙江)
Јоу (右江) Јунг (邕江) Ју (郁江)
Ѕуо (左江)

Поважни градови на Си уреди

Наводи уреди

  1. „Chapter 5: Plate D-6 — GES DISC“. NASA. Архивирано од изворникот на 2017-01-18. Посетено на 27 февруари 2017.

Надворешни врски уреди

Координати: 22°03′37″ N; 113°28′45″ E / 22.0602° СГШ; 113.4792° ИГД / 22.0602; 113.4792