Сирково

село во Општина Росоман

Сирково — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Сирково

Поглед на Сирково од црквата „Св. Ѓорѓи“

Сирково во рамките на Македонија
Сирково
Местоположба на Сирково во Македонија
Сирково на карта

Карта

Координати 41°30′23″N 21°53′18″E / 41.50639° СГШ; 21.88833° ИГД / 41.50639; 21.88833
Регион  Вардарски
Општина Росоман
Област Тиквеш
Население 476 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1421
Шифра на КО 11040
Надм. вис. 234 м
Сирково на општинската карта

Атарот на Сирково во рамките на општината
Сирково на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Сирково е сместено на крајното јужно подножје на планината Клепа, во Тиквешката Котлина. Поточно, населбата се наоѓа во Росоманското Поле, на западниот дел на Општината Росоман, чиј атар се допира со просторот на Општината Градско[2]. Селото е рамничарско, расположено на надморска височина од 300 метри[2]. Атарот зафаќа пространство од 23 км2, на кои обработливото земјиште зазема површина од 1249 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 837 хектари[2].

Историја уреди

Стопанство уреди

 
Нива со расцветан афион кај Сирково

Селото Сирково има полјоделско-сточарска функција[2], односно најголемиот дел од населението се занимава со земјоделство и сточарство. Од земјоделството најразвиено е лозаро-овоштарството, односно одгледувањето на винова лоза и особено многу овоштарството со одгледување на пространи и голем дел на новоподгинати овоштарници на праски, круши, цреши, кајсии, сливи и лешници од различни видови. Во Сирково во минатото на големи површини, а денес повторно се возобновува одгледувањето на афион со многу висок квалитет. Од поледелските култури се застапени житарките: пченица и јачмен, градинарските култури: кромид, лук, пипер (различни видови), домати, модар патлиџан, морков, спанаќ, грашок од кои се одгледува и расад за продажба. Од сточарството на горниот крај на селото на подножјето на Клепа постојат штали и бачила во кои се одгледуваат овци, кози и крупен добиток како крави и волови. Дел од населението се занимава и со други дејности во индустријата и фабриките во Кавадарци, Неготино, претпријатија во Росоман, автопревоз и други услужни дејности.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948719—    
1953736+2.4%
1961893+21.3%
1971894+0.1%
1981775−13.3%
ГодинаНас.±%
1991701−9.5%
1994657−6.3%
2002603−8.2%
2021476−21.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сирково живееле 1.471 жител, од кои 1.400 Македонци муслимани, 60 Македонци православни и 11 Роми.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци и 100 Турци.[4]

Според пописот од 2002 година селото има 603 жители од кои: 474 Македонци, 127 Срби и 2 останати.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 476 жители, од кои 396 Македонци, 59 Срби, 7 останати и 14 лица без податоци.[6]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Лица без под. Вкупно
1948 719
1953 493 242 ... 1 736
1961 556 4 ... ... 300 ... 33 893
1971 611 ... 266 ... 17 894
1981 556 212 ... 7 775
1991 520 151 ... 30 701
1994 498 154 ... 5 657
2002 474 127 2 603
2021 396 59 7 14 476

Родови уреди

Сирково било македонско муслиманско село, сега е доминантно православно село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

  • Староседелци: Хасанчевци со Мемиш-агини Имет-агини, Емин-агини (18 к.), Ѕенѕеровци (10 к.), Ѓурдовци (11 к.), Муратовци (2 к.), Лукаровци (3 к.), Пастаровци (5 к.), Барјактаровци (5 к.), Сулевци (4 к.), Шаловци (6 к.), Халовци (3 к.), Реџовци (1 к.), Касамовци (4 к.), Алишковци (8 к.), Кавазовци (5 к.), Митровци (7 к.), Татаровци (7 к.), Ленковци (8 к.), Бечовци (6 к.), Џамбазовци (6 к.), Чебовци (6 к.), Пуневци (6 к.), Шабановци (2 к.), Али Беговци со Зулферовци, Оџевци и Брковци (24 к.), Караговци (4 к.), Идризовци (8 к.), Телевци (8 к.), Остраковци (4 к.), Бишовци (4 к.), Абдовци (7 к.), Мула Салијовци (6 к.), Каралијовци (8 к.), Ахметовци (5 к.), Пирковци (4 к.), Емчевци (3 к.), Адиловци (3 к.), Вотковци (2 к.), Букевци (2 к.) и Шулишовци (3 к.)
  • Доселеници: Рамовци (1 к.) доселени кон крајот на 18 век од Јуручкиот предел; Бизевци (7 к.) доселени на почетокот од 19 век од селото Бизевиќ, и овде се исламизирале.[8]

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 717 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Крушевица.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 464 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта

Во атарот на Сирково се познати следниве археолошки наоѓалишта:[11]

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Муслиманите од селото се имаат иселено во Турција.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 271-272. Посетено на 16 декември 2018.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.154
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  8. . Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  9. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 160. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски уреди