Синичане

село во Општина Боговиње

Синичане — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.

Синичане
Синичане во рамките на Македонија
Синичане
Местоположба на Синичане во Македонија
Синичане на карта

Карта

Координати 41°56′25″N 20°55′5″E / 41.94028° СГШ; 20.91806° ИГД / 41.94028; 20.91806Координати: 41°56′25″N 20°55′5″E / 41.94028° СГШ; 20.91806° ИГД / 41.94028; 20.91806
Општина Боговиње
Население 1.205 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28074, 28574
Надм. вис. 650 м
Синичане на општинската карта

Атарот на Синичане во рамките на општината
Синичане на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 12 километри јужно од Тетово. Селото речиси целосно е споено со соседните села Камењане на север и општинскиот центар Боговиње на југ. Се наоѓа на надморска височина од 650 метри. Атарот е мошне мал и зафаќа простор од 2,6 км2. На него преовладува обработливо земјиште на површина од 149 ха, па затоа селото има полјоделска функција.[2]

Историја уреди

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 52 христијански семејства и 2 неженети христијани.[3]

Стопанство уреди

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948605—    
1953700+15.7%
1961750+7.1%
1971861+14.8%
19811.093+26.9%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994925—    
20021.472+59.1%
20211.205−18.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Синичане живееле 220 жители, сите Албанци.[4]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Синичане — село во Долнопалчишка општина во Долнополошкиот срез и има 68 куќи со 395 жители, Албанци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[6]

Според пописот од 2002 селото брои 1.472 жители, од кои 1.469 Албанци и 3 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.205 жители, од кои 1.155 Албанци и 50 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 220 605 700 750 861 1.093 0 925 1.472 1.205
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 2050 и 2050/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.327 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости уреди

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Енциклопедија на селата во Република Македонија, Митко Панов, стр.271
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр.360
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  5. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 22.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски уреди