Симон Аспелин (11 мај 1974) е поранешен професионален тенисер во игра на парови од Шведска. Тој станал професионалец во 1998 година. Неговиот успех главно бил во игра на двојки, освојувајќи 12 титули и стигнувајќи до светскиот број 7 во март 2008 година. Во категорија на машки двојки, Аспелин го освоил Отвореното првенство на САД во 2007 година и сребрениот медал на Летните олимписки игри 2008 година.

Симон Аспелин
Сајмон Аспелин на УС Опен 2010 година

Незаборавен дел од кариерата на Аспелин бил кога тој и партнерот во двојки Тод Пери играле во четвртфиналето за мажи на првенството Вимблдон во 2006 година како осми носители во двојки против третите носители на тој турнир Марк Ноулс и Даниел Нестор. Ноулс и Нестор го добиле тој натпревар и резултатот во последниот сет бил 23 : 21.

На Отвореното првенство на САД во 2007 година, кога Аспелин со својот партнер Џулијан Ноул биле десетти носители, го постигнал најголемиот успех во својата кариера со освојувањето на УС Опен. Тоа бил неговиот прв Грен слем во кариерата. Во првите две кола победиле против Кубот/Скоч, а против Калери/Хорна буквално се прошетале низ натпреварот. Во третото коло продолжиле со добра игра и ги збришале осмите носители Џонатан Ерлих и Енди Рам. Во четвртфиналето, тие ги шокирале првите носители Боб и Мајк Брајан, откако претходно само неколку седмици имале загубено од нив. Во полуфиналето, тие се спротивставиле на нерангираните Жулиен Бенето и Николас Махут. Во финалето Аспелин и неговиот партнер ги победиле деветите носители, Павел Визнер и Лукаш Длоухи.Аспелин претходно никогаш не стигнал до полуфинале на еден Грен слем. Оваа победа ги ставила на позицијата бр. 5 во АТП листата за играчи во двојка во машка конкуренција, а исто со овој резултат Аспелин се искачил на 13то место на АТП листата во поединечна конкуренција. Неговиот рекорд во Дејвис купот во март 2009 година бил 3–5 (победи и одиграни) во двојки. Друг забележителен настап во 2007 година му бил финалето во Шангај против Ноулс/Нестор на тенискиот Мастерс куп кое го играл во пар со Џулијан Ноул. На Летните олимписки игри 2008 година, тој и неговиот колега Швеѓанецот Томас Јохансон ги победиле француската двојка Михаел Лодра и Арно Клемент со 7–6, 4–6, 19–17 во полуфиналето од турнирот. Натпреварот траел 4 часа и 46 минути. На крајот тие го освоиле сребрениот медал губејќи во финалниот натпревар.

Пред неговата професионална кариера, Аспелин се натпреварувал вкупно четири сезони на Универзитетот Пепердајн, во Малибу, Калифорнија. Еден е од само двајцата тенисери што заработиле сеамерикански статус во сите четири сезони на натпревари[1] и бил примен во Куќата на славните Пепердајн во есента 2010 година.

Во мај 2011 година, тој бил примен во Куќата на славните ИТА (интернационална тенисерска асоцијација).

Во јули 2011 година, Аспелин објавил дека се повлекува од професионалниот тенис. Тој го одиграл својот последен турнир во Бастад, каде стигнал до финалето, но не успеал да ја освои својата тринаесетта АТП титула.[2][3]

Грен слем финалиња уреди

Двојки (парови) (1 титула) уреди

Резултат година првенство Површина Пертнер Противниците Резултат
Победи 2007 година УС Опен Тврда   Џулијан Ноул   Лукаш Длоухи



  Павел Визнер
7–5, 6–4

Олимпијада уреди

Двојки (парови): 1 (1 сребро) уреди

Резултат година првенство Површина Пертнер Противниците Резултат
Сребрена 2008 година Олимпијадата во Пекинг Тешко  Томас Јохансон   Роџер Федерер



  Стен Вавринка
3–6, 4–6, 7–6 (7–4), 3–6

Финалиња во кариерата уреди

Двојки (парови), (12 победи, 21 пораз) уреди

Легенда
Грен слем (1)
Мастерс куп во тенис (0)
Мастерс серија на АТП (0)
Златна меѓународна серија на АТП (3)
АТП турнири(8)
Наслови по површина
Тврда (5)
Земја (5)
Трева (1)
Тепих - синтелон (1)
Резултати Број. Дата Турнир Површина Партнер Противниците Резултат
Победа 1. февруари 2000 Марсеј Тврда   Јохан Ландсберг   Хуан Игнасио Караско

  Хаиро Веласко Јуниор
7–6(7–2), 6–4
Пораз 1. јули 2001 Бастад Земја   Андреј Кратзман   Карстен Брах

  Јенс Книпшилд
6–7(3–7), 6–4, 6–7(5–7)
Пораз 2. јули 2001 Китцбухел Земја   Андреј Кратзман   Алекс Коретја

  Луис Лобо
3–6, 6–4, 3–6
Пораз 3. февруари 2002 Буенос Аирес Земја   Андреј Кратзман   Гастон Етлис

  Мартин Родригес
6–3, 3–6, [4–10]
Пораз 4. април 2002 Есторил Земја   Андреј Кратзман   Карстен Брах

  Андреј Олховски
3–6, 3–6
Победа 2. мај 2003 Сент Пелтен Земја   Масимо Бертолини   Саргис Сарксиан

  Ненад Зимоњиќ
6–4, 6–7(8–10), 6–3
Победа 3. јули 2003 Бастад Земја   Масимо Бертолини   Лукас Арнолд

  Маријано Худ
6–7(3–7), 6–0, 6–4
Пораз 5. Sep 2003 Букурешт Земја   Џеф Котзи   Карстен Брах

  Саргис Саргсиан
6–7(7–9), 2–6
Пораз 6. јули 2004 Бастад Земја   Тод Пери   Махеш Бупати

  Јонас Бјоркман
6–4, 6–7(2–7), 6–7(6–8)
Пораз 7. јули 2004 Штутгарт Земја   Тод Пери   Јири Новак

  Радек Штепанек
2–6, 4–6
Пораз 8. јануари 2005 Аделаида Тврда   Тод Пери   Хавиер Малисе

  Оливиер Рохус
6–7(5–7), 4–6
Пораз 9. јануари 2005 Оукленд Тврда   Тод Пери   Ивес Алегро

  Михаел Колман
4–6, 6–7(4–7)
Победа 4. јануари 2005 Делреј Бич Тврда   Тод Пери   Џордан Кер

  Џим Томас
6–3, 6–3
Победа 5. февруари 2005 Мемфис Тврда (i)   Тод Пери   Боб Брајан

  Мајк Брајан
6–4, 6–4
Пораз 10. јуни 2005 Нотингем Трева   Тод Пери   Џонатан Ерлих

  Енди Рам
6–4, 3–6, 5–7
Пораз 11. јули 2005 Индианаполис Тврда   Тод Пери   Пол Хенли

  Грејдон Оливер
2–6, 1–3 ret.
Пораз 12. октомври 2005 Токио Hard   Тод Пери   Сатоши Ивабучи

  Такао Сузуки
4–5(3–7), 4–5(13–15)
Пораз 13. јануари 2006 Оукленд Тврда   Тод Пери   Андреј Павел

  Рожер Васен
2–6, 7–5, [4–10]
Победа 6. октомври 2006 Санкт Петербург Тепих - синтелон   Тод Пери   Џулиан Кноул

  Јиржи Мелцер
6–1, 7–6(7–3)
Пораз 14. јануари 2007 Оукленд Тврда   Крис Хагард   Џеф Котзи

  Роџер Васен
7–6(11–9), 3–6, [2–10]
Победа 7. мај 2007 Портшаш Земја   Џулиан Кноул   Леош Фридл

  Дејвид Шкоч
7–6(8–6), 5–7, [10–5]
Победа 8. јуни 2007 Хале Трева   Џулиан Кноул   Фабрис Санторо

  Ненад Зимоњиќ
6–4, 7–6(7–5)
Победа 9. јули 2007 Бастад Земја   Џулиан Кноул   Мартин Гарсија

  Себастијан Прието
6–2, 6–4
Победа 10. септември 2007 УС Опен Тврда   Џулиан Кноул   Лукаш Длухи

  Павел Визнер
7–5, 6–4
Пораз 15. ноември 2007 Тенис мастер куп Шангај Тврда (i)   Џулиан Кноул   Марк Кнолс

  Даниел Нестор
2–6, 3–6
Пораз 16. август 2008 Летни олиписки игри Пекинг Тврда   Томас Јохансон   Роџер Федерер

  Станислас Вавринка
4–6, 3–6, 7–6(7–4), 3–6
Пораз 17. април 2009 Казабланка Земја   Пол Хенли   Лукаш Кубот

  Оливер Марач
6–7(4–7), 6–3, [6–10]
Пораз 18. мај 2009 Мадрид Земја   Весли Муди   Даниел Нестор

  Ненад Зимоњиќ
4–6, 4–6
Пбеда 11. јули 2009 Хамбург Земја   Пол Хенли   Марчело Мело

  Филип Полашек
6–3, 6–3
Пораз 19. октомври 2009 Стокхолм Тврда(i)   Пол Хенли   Бруно Суарес

  Кевин Улиет
4–6, 6–7(4–7)
Пораз 20. февруари 2010 Ротердам Тврда (i)   Пол Хенли   Даниел Нестор

  Ненад Зимоњиќ
4–6, 6–4, [7–10]
Победа 12. февруари 2010 Дубаи Тврда   Пол Хенли   Лукаш Длухи

  Леандер Паес
6–2, 6–3
Пораз 21. јули 2011 Бастад Земја   Андреас Силјестром   Роберт Линштед

  Хориа Текау
3–6, 3–6

Наводи уреди

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2021-11-21.
  2. „Lindstedt-Tecau Retain Bastad Title; Aspelin Retires From Pro Tennis“. atpworldtour.com. Association of Tennis Professionals. 17 July 2011. Посетено на 17 July 2011.
  3. „Swedish Doubles Player Simon Aspelin to Retire“. 10sballs.com. 13 July 2011. Архивирано од изворникот на 2011-07-15. Посетено на 17 July 2011.

 Надворешни врски уреди