Силенд (англиски: Principality of Sealand) е микронација која полага право на вештачкиот остров Раф Тауер, воена платформа од Втората светска војна во Северното Море, 10 км од брегот на Велика Британија (на координатите 51°53′ 40 N°1′ 28), како и на територијалните води околу во пречник од 12 наутички милји. Силенд го зазел Педи Рој Бејтс со семејството и соработниците, кои себеси се прогласил како Принц Рој од Силенд.

Кнежевство Силенд
Principality of Sealand  (англиски)
Микронација
Знаме Грб
Гесло"E Mare Libertas"
"Од морето, Слобода"
Химна"E Mare Libertas"
Местоположбата на Силенд
Местоположбата на Силенд
Местоположбата на Силенд
Главен град
(и најголем)
Силенд
51°53′N 1°28′E / 51.883° СГШ; 1.467° ИГД / 51.883; 1.467
Службен јазик англиски
Народности  Европејци
северноамериканци
Демоним силендец
Уредување Уставна монархија
 •  Принц Мајкл Бејтс
Основана
 •  Основање 2 септември 1967 
Површина
 •  Вкупна 0,004 км2 
Население
 •  проценка за 2024 г.
БДП (ПКМ) проценка за  г.
 •  Вкупен $600,000 
 •  По жител $22,200[1] 
Валута Силендски долар (иста ведност со USD) (SX$)
Часовен појас GMT
Страница
sealandgov.org

Силенд е веројатно светски најпознатата микронација, и иако нејзиниот суверенитет ретко се сфаќа сериозно, примерот на Силенд неретко се цитира во дебатите за меѓународното право.

Историја уреди

Изградба на платформата уреди

За време на Втората светска војна, британската влада изградила неколку платформи во Северното Море за да ги брани своите брегови од германските освојувачи. Некои од овие платформи (вклучувајки го и Силенд) биле изградени нелегално во меѓународни води. [2]

Прогласување на Силенд уреди

Во раните 60-ти, Рој Бејтс, мајор во британската армија, нелегално основал радио станица, сместена на крајбрежјето на напуштена поранешна поморска платформа наречена „Кук Џон“. [3]

Битки за суверенитет уреди

Набргу по прогласувањето на независноста, принцот Мајкл, одби седум обиди за вооружена инвазија, употребувајќи арсенал пиштоли и рачно изработени проектили. Кон крајот на шеесетите години, Силенд ќе се најде во борба за опстанок на неколку фронтови бидејќи британската влада станала свесна за Силенд и за потенцијалните проблеми поврзани со новата земја на седум милји од нивниот брег. [4]

Географија уреди

 
Карта на Силенд на која се прикажани територијалните води кои се предмет на жалби

Силенд официјално е дел од британските територијални води. Оддлачен е околу 7 милји од британскиот брег. Зафаќа површина од 550 m² и бројот на престојувачи ретко надминува петмина луѓе.








Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Information on the Principality of Sealand including GDP“ (PDF). Summit of Micronations. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-10-15. Посетено на 2007-11-13.
  2. „History of a Nation“.
  3. „History of a Nation“.
  4. „History of a Nation“.

Надворешни врски уреди