Сизиф — херој од старогрчката митологија, познат по персонификацијата на залудната работа.

Сизиф.

Сизиф бил син на Еол (богот на ветровите) и бил најмудар во древните времиња. Се оженил со ќерката на Атлант, Меропа, една од Плејадите.[1]

Живот и дела уреди

Еднаш Сизиф му го покажал на речниот бог Азоп вртилиштето на Зевс, а овој за возврат му ветил дека ќе избие студен извор со вода во градот Елфира, подоцнежниотКоринт кој го основал самиот Сизиф. Поради тоа предавство Зевс решил да го казни Сизиф со тоа што го пратил богот на смртта Танатос да го одведе Сизиф долу во мрачното царство на Ад. Сизиф успеал да го закова богот на смртта така да никој на земјата не умирал додека не дошол Арес богот на војната да го ослободи. Откако Танатос се ослободил пак отишол по Сизиф. Но, итриот Сизиф знаел дека кога тогаш ќе дојдат по него па и наредил на жена си откако ќе го одведат да не го погребува неговото тело, нити да дава задушница или какви било жртви на боговите. Подземните богови Ад и Персефона долго време чекале жртва од жена му на Сизиф но попусто. Тогаш итриот Сизиф му рекол на Ад да го пушти за да отиде кај жена си и ја наговорил да почне да принесува жртви за боговите. Ад го пуштил, а овој нормално почнал пак да пирува и да се радува бидејќи бил единствениот кој успеал да се врати од царството на умрените. Ад многу лут и разгневен повторно го пратил Танатос и овој повторно му ја земал душата. Подземните богови токму за ова го осудиле Сизиф така што требало да тркала еден голем камен од рамницата па сè до врвот на еден рид. Кога мислел дека го истуркал на врвот, каменот му се лизгал од рацете и повторно се тркалал надолу, така што тој морал од почеток да го турка нагоре и никако не можел да стигне до целта. Затоа по примерот на тој безмислен напор на Сизиф, дури и денеска секој претежок или безмислен труд се вика „сизифов камен“ или „сизифов труд“.

Сизиф како мотив во уметноста и во популарната музика уреди

Наводи уреди

  1. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 189 -191.
  2. Discogs, Pink Floyd – Ummagumma (пристапено на 13 февруари 2021)

Поврзано уреди

Митот за Сизиф, есеј на Албер Ками.