„Се викам Арам“ (англиски: My Name is Aram) — книга на американскиот писател Вилијам Саројан, првобитно објавена во 1940 година. Таа претставува збирка раскази, но наликува на роман поради тоа што во расказите се појавува главниот лик Арам.

Содржина уреди

Книгата се состои од 14 раскази:[1]

  • Летото на убавиот Белец
  • Патување во Хенфорд
  • Овошник од калинки
  • По сите изгледи, еден од нашите идни поети
  • Трка на педесет метри
  • Една нежна старомодна приказна, полна со љубов, лирика и сешто
  • Мојот роднина Дикран, говорник
  • Пејачи на презвитеријанскиот хор
  • Циркус
  • Тројца пливачи и бакалот од Јал
  • Локомотива 38, Оџибвеј
  • Патријархален совет на американскиот патник
  • Сиромашен и усвитен Арап
  • Еден збор до оние што хулат

Изданија на македонски јазик уреди

  • Издание на Македонска книга од 1970 година: Книгата е објавена во рамките на библиотеката „Златна клупа“, во мек повез и во превод на Миле Поповски. Нацртот на корицата и илустрациите се дело на Младен Туниќ, а коректурата ја направила Љупка Лазарова. Книгата има 151 страница, а била испечатена во септември 1970 година во графичкиот завод „Гоце Делчев“ во Скопје, во тираж од 10 000 примероци. Таа не е каталогизирана и ја нема меѓународната ознака ISBN.[2]

Наводи уреди

  1. Вилијам Саројан, Се викам Арам, Македонска книга, Скопје, 1970.
  2. Вилијам Саројан, Се викам Арам, Македонска книга, Скопје, 1970.