Сергеј Иванов (руски: Сергей Борисович Иванов, роден на 31 јануари 1953 година) — руски висок функционер и државник. Тој бил министер за одбрана во периодот од март 2001 до февруари 2007 година, заменик-премиер од ноември 2005 до февруари 2007 година, и прв вицепремиер од февруари 2007 до мај 2008 година. Претходно, како секретар на рускиот Совет за безбедност, Иванов работел како советник на претседателот Борис Елцин, а подоцна и кај претседателот Владимир Путин (ноември 1999 - март 2001) за прашања поврзани со националната безбедност на земјата. По изборот на Дмитриј Медведев за претседател на Русија, Иванов бил повторно именуван како вицепремиер во втората влада Владимир Путин.

Сергеј Иванов
Сергеј Иванов во 2016
11-ти раководител на администрацијата на Претседателот на Русија
На должноста
22 декември 2011 – во служба
Претседател Дмитриј Медведев
Владимир Путин
Премиер Владимир Путин
Вицепремиер на Русија
На должноста
12 мај 2008 – 22 декември 2011
Претседател Дмитриј Медведев
Премиер Владимир Путин
Прв вицепремиер на Русија
На должноста
15 февруари 2007 – 12 мај 2008
Служи со Дмитриј Медведев
Претседател Владимир Путин
Дмитриј Медведев
Премиер Михаил Фрадков
Виктор Зубков
Владимир Путин
Претходник Дмитриј Медведев
Наследник Виктор Зубков
Игор Шувалов
Министер за одбрана
На должноста
28 март 2001 – 15 февруари 2007
Претходник Игор Сергеев
Наследник Анатолиј Сердјуков
Совет за безбедност на Руската Федерација
На должноста
15 ноември 1999 – 28 март 2001
Претходник Владимир Путин
Наследник Владимир Рушаило
Лични податоци
Роден(а) 31 јануари 1953(1953-01-31)(71 г.)
Сопружник Наталија

Пред да се приклучи на федерална администрација во Москва, Иванов, кој течно го зборува англискиот јазик, служел најпрвин во советската а подоцна и во руската странска разузнавачка служба како специјалист по право и странски јазици, (во Европа и Африка) од доцните 1970-ти до крајот на 1990-тите. Во 1975 година, Иванов дипломирал на Одделот за филологија на Ленинградскиот државен универзитет, каде што студирал англиски и шведски, а подоцна и завршеил последипломски студии во контраразузнавање.

Во 1976 година тој ја започнал својата служба во ленинградската област за КГБ, каде што станал пријател со тогашниот негов колега Владимир Путин.[1]. Од јули 1998 до август 1999 Иванов бил заменик на Владимир Путин, потоа директор на Федералната служба за безбедност. Во ноември 1999 година, Елцин го назначил Иванов за секретар на Советот за безбедност на Русија, тело задолжено за советување на претседателот за прашања од национална безбедност. Иванов станал министер за одбрана. На 15 февруари 2007, Иванов поднел оставка како министер за одбрана, за да подоцна биде поставен на функцијата заменик премиер.

Политички функции
Претходник
Владимир Путин
Секретар на Советот за Безбедност на Русија
1999–2001
Наследник
Владимир Рушалијо
Претходник
Игор Сергеев
Министер за одбрана на Русија
2001–2007
Наследник
Анатоли Сердјуков
Претходник
Дмитриј Медведев
Заменик премиер на Русија
со Александар Жуков

2005–2007
Наследник
Александар Жуков
Сергеј Нарјишкин
Претходник
Дмитриј Медведев
Прв заменик премиер на Русија
со Дмитриј Медведев

2007–2008
Наследник
Виктор Зубков
Игор Шувалов
Претходник
Дмитриј Медведев
Заменик премиер на Русија
со Александар Жуков, Алексеј Кудрин,
Игор Сечин и Сергеј Собјанин

2008–моментално
На должноста

Наводи уреди

  1. Ivanov, Sergei, Lenta.ru (на руски).