Сен Мало (француски: Saint-Malo, бретонски: Sant-Maloù, гало: Saent-Malô) е пристаништен град во Бретања на северозапад на Франција на брегот на Ла Манш. Градот, опкружен со ѕидини, денес е туристичко одредиште со многу стари привлечни градби.

Сен Мало
Saent-Malô
Пристаништето во Сен Мало од птичја перспектива
Пристаништето во Сен Мало од птичја перспектива
Знаме на Сен МалоГрб на Сен Мало
Сен Мало is located in Франција
Сен Мало
Сен Мало
Местоположба во регионот Бретања
[[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Bretagne" does not exist|270px|Сен Мало во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Bretagne" does not exist]]
Сен Мало
Координати: 48°38′53″ N; 2°00′27″ W / 48.6481° СГШ; 2.0075° ЗГД / 48.6481; -2.0075Координати: 48°38′53″ N; 2°00′27″ W / 48.6481° СГШ; 2.0075° ЗГД / 48.6481; -2.0075
ЗемјаФранција
РегионБретања
ДепартманИл и Вилен
ОкругСен Мало
КантонСен Мало Нор и Сен Мало Сид
Општ. заедницаСен Мало
Управа
 • Градоначалник (2014-2020) Клод Рену
Површина136,58 км2 (1,412 ми2)
Население (2012)244,620
 • Густина12/км2 (32/ми2)
INSEE/Пошт. бр.35288 / 35400
Надм. висина0 м
(прос. 8 м)
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Население уреди

Заедно со предградијата, градот брои околу 153.000 жители, а во летната туристичка сезона достигнува и 200.000 жители.

Жителите на Сен Мало се нарекуваат малуанци (француски: malouins).

Историја уреди

 
Стара мапа на Сен Мало

За време на средниот век Сен Мало бил утврден остров на устието на реката Ренс и го контролирал не само сливот на реката, туку и отвореното море. Утврдувањето Алет, јужно од модерниот центар, го контролирало пристапот на Ренс од римско време, но модерниот Сен Мало ги влече своите корени од монашката населба основана од Сен Арон и Сен Брендан во почетокот на шестиот век. Името го добил според некој следбеник на Брендан, Сен Мало или Маклу.

Градот имал традиција за обезбедување на својата автономија во преговорите со француските власти и дури и со локалните бретонски власти. Од 1590 до 1594 година, Сен Мало се прогласил за независна република, и негово мото било „не француска, не бретонска, туку малуанска“.[1]

Сен Мало станал злогласен како дом на гусарите. Во XIX век, оваа „практична“ злогласност е портретирана во драмата на Жан Ришпен „Гусар“. Пиратите од Сен Мало не само што ги присилувале англиските бродови да плаќаат за поминување, туку носеле и богатство од подалеку. Жак Картје кој пловел по реката Сент Лоренс, влегол во Квебек Сити и во Монтреал, и со тоа се вброил во откривачите на Канада, живеел во Сен Мало. Фолкландските Острови на француски јазик се нарекуваат Ил Малуин (Малуански Острови) и веројатно оттаму доаѓа и шпанскиот назив Малвински Острови. Во 1758 година Британците го освоиле соседниот град Сен Серван и уништиле 30 бродови пред да заминат.

За време на Втората светска војна, за време на борбите во втората половина на септември и почетокот на септември 1944 година, историскиот град Сен Мало бил скоро целосно уништен од бомбардирањето на Сојузниците.[2][3] Сен Мало бил обновен во 12-годишниот период од 1948 до 1960 година.

Храна уреди

Сен Мало има една од највисоките концентрации на ресторани во Европа. Познат е по своите остриги од соседниот град Канкал.

 
Поглед на утврдениот град од југозапад
 
Панорамски поглед од островот Гран Бе за време на осека

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. S. and J. Beaulieu, Saint-Malo et l'histoire, p 10 to 32
  2. „Key Dates“. Saint-Malo official website. Архивирано од изворникот на 2010-08-19. Посетено на 2015-09-28..
  3. http://www.angelfire.com/va2/worldwar2family/rolland2.html

Надворешни врски уреди