Сенатска провинција

Сенатските провинции биле римски провинции за време на принципотот за кои римскиот Сенат имал право да назначи гувернер (проконзул). Овие провинции најчесто биле далеку од надворешните граници на Римската Империја и со тоа мали биле шансите за бунт, поради што во нив речиси и немало стационирани легии, со што била намалена можноста Сенатот да се обиде да ја заземе власта од императорот. Гувернерите на сенатските провинции имале само граѓански овластувања. Најголем дел од овие провинции се наоѓале покрај Средоземното Море. Италија не била сенатска провинција бидејќи таа не била управувана од гувернер, туку директно од римскиот Сенат.

Административната поделба на Римската Империја во 117 година од н.е. Сенатските провинции се обоени во розова боја.