Семјон Зивјевич Алапин (руски: Семён Зиновьевич Алапин; 7 ноември 1856, Санкт Петербург[а] - 15 јули 1923, Хајделберг) бил руски шаховски мајстор, шаховски композитор и теоретичар, како и јазичар, инженер и трговец со зрнеста храна.

Семјон Алапин
Алапин во 1880-тите или 1890-тите
Целосно имеСемјон Зиновјевич Алапин
ЗемјаРусија Руска Империја
Роден7 ноември 1856
Санкт Петербург, Руска Империја
Починал15 јули 1923
Хајделберг, Германија
Титуламајстор

Својата шаховска кариера ја започнал кон крајот на 1870-тите години, како член на Берлинскиот шаховски клуб. Првиот позначаен успех го постигнал на турнирот во Санкт Петербург во 1878/79 година, на којшто завршил на делба на првото место (заедно со Чигорин), но го загубил решавачкиот меч во разигрувањето за титулата. Меѓу неговите позначајни успеси се вбројуваат победите на турнирите во Санкт Петербург во 1906 и во Минхен во 1911 година. Во 1899 година одиграл меч против Карл Шлехтер, којшто завршил со нерешен резултат 3-3.

Алапин бил и познат шаховски теоретичар, кој дал огромен придонес во теоријата на шаховските отворања и во чија чест се именувани многу варијанти во отворањата. Работел и како шаховски новинар и издавал сопствено списание, а напишал и две книги посветени на шахот.

Животопис уреди

Алапин се школувал во Хајделберг и потоа работел како трговец и застапник на шпедитерска куќа во Берлин и Париз. Во тој период, тој успеал да се збогати и бил финансиски независен. Се вселил во Берлин и таму станал член на Берлинскиот шаховски клуб.

На шахот исклучително му се посветил од крајот на 1870-тите години. Тој завршил на делба на првото место (заедно со Михаил Чигорин) на силниот национален турнир во Санкт Петербург во 1878/79 година, но подоцна загубил во мечот против Чигорин за првото место на турнирот со 3-7 (+3, -7, =0). Во тоа време, Алапин, заедно со Чигорин и Шиферс, важел за најсилниот шахист на Русија.

Во 1893 година, Алапин одиграл и добил меч против Курт фон Барделебен со 3,5-1,5 (+3, -1, =1), а во 1899 година одиграл нерешен меч против Карл Шлехтер со резултат 3-3 (+1, -1, =4). Периодот на преминот од 19. кон 20. и првата декада од новиот век бил најуспешен во неговата кариера. Тогаш, тој постигнал забележителни резултати на бројни силни меѓународни турнири, меѓу кои: четвртото место во Виена во 1899 и второто во истиот град во 1901 година, петтото место во Монте Карло во 1901, првото место во Санкт Петербург во 1906, второто место во Лоѓ во 1908 и во Минхен во 1909 година и победата на турнирот во Минхен во 1911 година. Во меѓувреме, одиграл и меч против Степан Левицки во 1907 година, којшто го добил со 5-0; а во 1911 година и против Рудолф Шпилман, којшто го загубил со 3,5-6,5 (+3, -6, =1).

Алапин се иселил од Русија во 1913 година и остатокот од животот го поминал во Германија. Починал во Хајдерберг на 15 јули 1923 година.

Шаховско творештво уреди

abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Алапиновата варијанта во Сицилијанска одбрана

Највисокиот историски рехтинг од 2688 бода, Алапин го достигнал во февруари 1898 година, со што би се нашил на 10. место на светската ранг=листа во тој момент. Во јули 1902, тој припаѓал во групата на осум најдобри шахисти во светот.[1]

Алапин бил познат шаховски теоретичар и дал голем придонес во развојот на теоријата на шаховските отворања. Познато е дека смислил варијанти во речиси сите популарни отворања, кои во негова чест го носат неговото име. Најпозната од нив е Алапиновата варијанта во Сицилијанска одбрана, којашто настанува по потезите: 1. e4 c5 2. c3;[2] а денес има примена и во партиите на врвните велемајстори. Исто така, отворањето коешто се јаввува по потезите 1. e4 e5 2. Se2 е наречено Алапиново отворање.[3] Алапинови варијанти постојат и во неколку други отворања: во Каро-Кан, по 1. e4 c6 2. c3;[4] понатаму во Холандска одбрна, по 1. d4 f5 2. Dd3;[5] и во Дамин гамбит, по 1. d4 d5 2. c4 e6 3. Sc3 b6.[6] Во Француска одбрана се среќава и Алапинов гамбит, којшто настанува по: 1. е4 е6 2. d4 d5 3. Le3;[7] а постои и Алапинова одбрана во Шпанска партија, чијашто позиција се јавува по потезите: 1. е4 е5 2. Sf3 Sc6 3. Lb5 Lb4.[8]

Освен како шахист и шаховски теоретичар, Алапин работел и како шаховски новинар и автор. Така, во 1896 година издал студија под наслов „Кон теоријата на Шпанската партија. Шаховско-аналитичка студија“. Во периодот од 1898 до 1901 година, во Берлин излегувало од печат неговото списание „Der Schachfreund“; а напишал и книга со истиот наслов, којашто била неменета за почетниците и била издадена во Хајделберг во 1913 година.

Поврзано уреди

Белешки уреди

  • а Како место на неговото раѓање се споменува и градот Вилнус.[9]

Наводи уреди

Користена литература уреди

  • Hooper, David and Kenneth Whyld (1996). The Oxford Companion To Chess. Oxford University. ISBN 0-19-280049-3.
  • Шахматный словарь / гл. ред. Л. Я. Абрамов; сост. Г. М. Гейлер. — М.: Физкультура и спорт, 1964. — С. 182. — 120 000 экз.
  • Шахматы. Энциклопедический словарь / гл. ред. А. Е. Карпов. — М.: Советская энциклопедия, 1990. — С. 11. — 100 000 экз. — ISBN 5-85270-005-3.

Надворешни врски уреди