Семоа (француски: Semois / Semoy, валонски: Simwès / Smwès, германски: Sesbach, луксембуршки: Setzbaach) — река во Белгија и Франција, северозападна Европа. Тече од подгорскиот крај на Ардените во Белгија и Франција, па се влева во Меза како нејзина десна притока.[1]

Семоа
Semois
Семоа во Бујон
Местоположба
ЗемјаБелгија, Франција
Физички особености
Извор 
 • местоАрлон
 • координати49°40.906′N 5°49.218′E / 49.681767° СГШ; 5.820300° ИГД / 49.681767; 5.820300
 • надм. вис.410 м
Устие 
 • место
Монтерме
 • координати
49°52′50″N 4°44′18″E / 49.88056° СГШ; 4.73833° ИГД / 49.88056; 4.73833 (устие на Семоа)
Должина210 км
Големина на сливот1.329 км2
Проток 
 • просечен35 м3
Особености на сливот
ТечениеМезаСеверно Море

Реката извира кај Арлон во белгиската покраина Луксембург, недалеку од границата со кнежевството Луксембург. Тече во западен правец, минува низ селото Боан на Семоа, па влегува во Франција и се влева во Меза околу 10 км низводно од гратчето Монтерме. Целото течение е долго 210 км.

Семоа минува и низ други населени места како Шини, Флоранвил, Ербемон, Бујон (вкл. месностите Доан и Пупеан) и Врес на Семоа — сите во Белгија.

Историја уреди

Реката првпат се споменува во II век како Sesmara. Во следниот период, на подрачјето се доселило монгубројно германско население. Крај реката се појавиле низа населени места како Сесомирс (664), Сесмарус (950), Сесмоа (1104) и Семоар (1244).

Реката го дала своето име и на позната сорта тутун кој се одгледува во тој крај.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Scheffel, Richard L.; Wernet, Susan J., уред. (1980). Natural Wonders of the World. United States of America: Reader's Digest Association, Inc. стр. 340. ISBN 0-89577-087-3.

Надворешни врски уреди