Секретар, е административен асистент во адмнинистрацијата, или може да се однесува на високорангиран чиновник во државната администрација или во влада.

Секретарка на работа

Канцелариската титула се однесува на личност која обработува рутински задачи за својот претпоставен. Овие чиновници обработуваат текстови, водат сметководство, бележат статистики, закажуваат состаноци и слчно.

Владината титула се однесува на шеф на некој сектор, но во рамките на Обединетите Нации се однесува на водач на организацијата.

Етимологијата е изведена од латинскиот збор secernere, што значи да раздели да направи разлика. Но и со конотација на некој кој работи нешто доверливо или нешто му е доверено што е доверливо.