Сеехин (шпански: Cehegín) — град и општина во Шпанија. Се наоѓа во шпанската покраина и автономна заедница Мурсија, оддалечен околу 66 км од градот Мурсија. Градот има приближно 16,248 жители.[1]

Старото градско јадро на Сеехин и црквата „Св. Марија Магдалена“

Стопанство уреди

Оваа област традиционално претставува значаен ресурс на мермер, особено црвен мермер, кој се извезува дури и во Јапонија и Аргентина. Земјоделството е исто така значајна гранка, а најмногу се одгледуваат кајсии и праски на наводнувано земјиште и маслинки, бадеми и лоза на посуво земјиште. Во последните години е забележано зголемување на одгледувањето на цвеќиња. Голем број од локалните производи се користат за овошни сокови. Месните претпријатија опфаќаат адвокатски канцеларии, пекарници и градежништво.[2]

Наводи уреди

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-05-17. Посетено на 2021-08-15.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-02-27. Посетено на 2015-12-31.

Надворешни врски уреди