Седма македонска ударна бригада

Седма македонска ударна бригада (позната и како Битолска ударна бригада) била формирана на 22 август 1944 година во селото Зборско, на планината Кожуф. Била формирана претежно од борци од битолско-преспанскиот регион, од Битолскиот баталјон „Стив Наумов“ од составот на Втората македонска бригада и новопристигнати борци од Битолско. Орган на бригадата бил весникот „Удар“.[1]

Седма македонска ударна бригада
Васко Карангелевски, првиот командант на бригадата
Активна22 август 1944 – мај 1945
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија
Сремски фронт
Команданти
Истакнати
команданти
Васко Карангелески

Команден состав уреди

Командниот состав на бригадата го сочинувале:[1]

Политички комесари биле:

Борбени дејства уреди

На денот на формирање, бригадата броела 320 борци распоредени во три баталјони.[1] По формирањето бригадата тргнала во напад на бугарските единици на планината Ниџе, Баба и Кајмакчалан, а потоа операциите се прошириле кон Ресенско.[1]

Бригадата ги нападнала позициите на бугарските сили на просторот Ресен-Битола: граничните караули на планината Кајмакчалан (24-28 август), во Преспа (5 септември), во реонот на селата Покрвеник, Шурленци, Стење (6 септември), Подмочани (7 септември) и др. По капитулацијата на Бугарија, влегла во составот на Четириесет и деветтата (македонска) дивизија на НОВЈ (10 септември), водела непрекинати борби против германските сили на комуникацијата Ресен-Битола, учествувала во ослободувањето на населените места во Преспанско и Битолско, ја ослободила Битола на 4 ноември и учествувала во ослободувањето на Кичево и Зајас во периодот од 15-18 ноември 1944 година. Учествувала во борбите за ослободување на Тетово, каде со воените реформации на 15 декември 1944 година оваа бригада се ресформирала, а формацискиот број „седма“ бил доделен на Четвртата македонска албанска бригада.[1]

По реорганизација на единиците во декември 1944 година, дел од борците и старешините влегле во состав на Првата и Втората македонска ударна бригада, кои формациски припаѓале на Четириесет и осмата дивизија на НОВЈ, која пак била дел од Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ. Со корпусот бригадата учествувала во пробивот на Сремскиот фронт, во ослободувањето на Славонска Пожега и Загреб.

Бригадата била одликувана со Орден заслуги за народ со златна ѕвезда и со Орден братство и единство со златен венец.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 107-109