Северозападен Мекленбург

Северозападен Мекленбург (германски: Nordwestmecklenburg) — округ во северозападниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на брегот на Балтичкото Море и се граничи со сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн на запад. Се граничи со (од исток надесно) окрузите Росток, Лудвигслуст-Пархим и слободниот град Шверин, округот Лауенбург и слободниот град Либек во Шлезвиг-Холштајн. Административното седиште на округот е во градот Висмар.[2]

Северозападен Мекленбург
Landkreis Nordwestmecklenburg

округ
Грб на Северозападен Мекленбург Landkreis Nordwestmecklenburg
Земја Германија
ПокраинаМекленбург-Западна Померанија
СедиштеВисмар
Површина
 • Вкупна2.117 км2 (817 ми2)
Население (31 декември 2020)[1]
 • Вкупно157.975
 • Густина75/км2 (190/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.NWM, GDB, GVM, WIS
Висмар: HWI
Мреж. местоnordwestmecklenburg.de

Географија уреди

Округот е сместен во триаголник помеѓу градовите Либек, Росток и Шверин. На север се простира балтичкиот брег со малиот остров Пел; две големи езера се делумно сместени во Северозападен Мекленбург: источната половина на Шалското Езеро (23 км2) на западната граница и северната половина на Шверинското Езеро (63 км2) на југ, како и едно помало езеро, Меховско Езеро (1,6 км2).

Историја уреди

Округот бил создаден во 1994 година со спојување на претходните окрузи Гадебуш, Гревесмилен и Висмар и помали делови на окрузите Штернберг и Шверин-Ланд. При административната реформа во 2011 година, бил споен со поранешниот слободен град Висмар.[2] Името на округот било одлучено на референдум на 4 септември 2011 година.[3]

Градови и општини уреди

Слободни градови Слободни општини
  1. Гревесмилен
  2. Висмар
  1. Пел
Општински заедници
  1. Бад Клајнен
  2. Барнеков
  3. Бобиц
  4. Дорф Мекленбург1
  5. Грос Штитен
  6. Хоен Фихелн
  7. Либов
  8. Метелсдорф
  9. Фенчов
  1. Драгун
  2. Гадебуш1, 2
  3. Кнезе
  4. Крембц
  5. Милен Ајхзен
  6. Рогендорф
  7. Регниц
  8. Фелбекен
  1. Бернсторф
  2. Гегелов
  3. Плишов
  4. Рогенсторф
  5. Ритинг
  6. Штепеництал
  7. Тесторф-Штајнфорт
  8. Упал
  9. Варнов
  1. Болтенхаген
  2. Дамсхаген
  3. Хоенкирхен
  4. Калкхорст
  5. Клиц1, 2
  6. Циров
  1. Алт Метелн
  2. Бризевиц
  3. Крамонсхаген
  4. Далберг-Венделсторф
  5. Готесгабе
  6. Грамбов
  7. Клајн Требов
  8. Либсторф
  9. Лицов1
  10. Перлин
  11. Пингелсхаген
  12. Покрент
  13. Шилдетал
  14. Зехоф
  15. Цикхузен
  1. Бенц
  2. Бловац
  3. Бојенсдорф
  4. Хорнсторф
  5. Крузенхаген
  6. Нојбург1
  1. Бибов
  2. Глазин
  3. Језендорф
  4. Либерсторф
  5. Нојклостер1, 2
  6. Пасзе
  7. Варин2
  8. Цуров
  9. Цизов
  1. Карлов
  2. Дехов
  3. Грос Молцан
  4. Холдорф
  5. Кенигсфелд
  6. Рена1, 2
  7. Рипс
  8. Шлагсдорф
  9. Тандорф
  10. Утехт
  11. Ведендорферзе
  1. Дасов2
  2. Грибен
  3. Грос Зимц
  4. Локвиш
  5. Лидерсдорф
  6. Менцендорф
  7. Ниндорф
  8. Родухелсторф
  9. Шенберг1, 2
  10. Зелмсдорф
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. јули 2021. (германски)
  2. 2,0 2,1 „Административна реформа во Мекленбург-Западна Померанија“. Архивирано од изворникот на 2011-10-04. Посетено на 5 септември 2011.
  3. „Резултати од референдумот“. Посетено на 5 септември 2011.

Надворешни врски уреди

Координати: 53°50′ N; 11°10′ E / 53.83° СГШ; 11.17° ИГД / 53.83; 11.17