Северни Варовнички Алпи

Северни Варовнички Алпи (германски: Nördliche Kalkalpen) — група планински венци во состав на Источните Алпи северно од Централните Источни Алпи сместени во Австрија и соседна Баварија во југоисточна Германија. Се одликуваат со посебен геолошки состав кој ги разликува од другите повисоки врвови од соседната група.

Северни Варовнички Алпи
Nördliche Kalkalpen
Горното Езеро Кенигсзе кај Берхтесгаден
Највисока точка
ВрвПарзајершпице
Надм. височина3.036 м
Координати47°10′28″N 10°28′42″E / 47.17444° СГШ; 10.47833° ИГД / 47.17444; 10.47833
Географија
ЗемјиАвстрија и Германија
Делови
Координати47°20′ N; 14°13′ E / 47.34° СГШ; 14.22° ИГД / 47.34; 14.22Координати: 47°20′ N; 14°13′ E / 47.34° СГШ; 14.22° ИГД / 47.34; 14.22
Матичен венецИсточни Алпи
Геологија
Периодперм и јура
Вид карпаваровник и доломит

Географија уреди

Гледо по оската запад-исток, Северните Варовнички Алпи се протегаат од долината на Рајна и Брегенчката Шума во Предарлска, Австрија на запад, долж границата на германската покраина Баварија со австриската покраина Тирол, низ покраините Салцбург, Горна Австрија, Штаерска и Долна Австрија, па на крај завршуваат во Виенската Шума во преградијата на Виена на исток.

Највисоки врвови се Парзајершпице (3.036 м) во Лехталските Алпи,[1] и Горен Дахштајн (2.996 м). Друг особено важен врвов во венецот е Цугшпице (2.962 м) на германско-австриската граница, кој е највисоката точка во Германија.

Класификација на Високогорскиот клуб уреди

Според класификацијата на Источните Алпи на Високогорскиот клуб, Северните Варовнички Алпи ги опфаќаат следниве венци и планини (од исток кон запад):

 
Групи планини во состав на Северните Варовнички Алпи

Наводи уреди

  1. Reynolds, Kev (2010). Walking in the Alps, Cicerone, ISBN 978-1-85284-476-9.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди