Северна Косовска Митровица

Северна Косовска Митровица го зафаќа делот на Косовска Митровица северно од реката Ибар. Тој е де факто главен град на Северно Косово, регион каде Србите се мнозинство и административен центар на Автономната Заедница на српски општини во Косово.

Северна Косовска Митровица
Општина и град
Mitrovica e Veriut
Ceвepнa Косовска Митровица
Северна Косовска Митровица
Северна Косовска Митровица
Северна Косовска Митровица is located in Косово
Северна Косовска Митровица
Северна Косовска Митровица
Локација во Косово
Координати: 42°53′N 20°52′E / 42.883° СГШ; 20.867° ИГД / 42.883; 20.867
ДржаваКосово
ОкругКосовска Митровица
Established2013
Управа
 • ГрадоначалникЕрден Атиќ
Површина
 • Вкупна11 км2 (4 ми2)
Население
 • проц. од (2014)29,460
 • Густина2,678/км2 (6,94/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Повик. бр.+381 28
Таблици02

Историја уреди

Северна Косовска Митровица настанала со поделба на општината Косовска Митровица на две де факто општини, Јужна Косовска Митровица со албанско мнозинство и Северна Косовска Митровица со српско мнозинство. Граница претставува мостот на Ибар.

Географија/Демографија уреди

Зафаќа околу 1/5 од градот Косовска Митровица каде се наоѓаат 29.460 жители од кои:

Култура и образование уреди

 
Црквата „Св. Димитриј“

Северна Косовска Митровица моментално е еден од најзначајните политички, образовни и здравствени центри за Србите на Косово. Тој е единствена урбана средина на Косово каде Србите се мнозинство. Во градот се наоѓа Приштинскиот универзитет кој е префрлен од Приштина. Овде се наоѓа и клиничкиот центар, кој е единствен здравствен центар за Србите на Косово.[2] Во Северна Косовска Митровица се наоѓа и црквата Св. Димитрија.

Спорт уреди

Северна Косовска Митровица е седиште на фудбалските клубови ФК Трепча и ФК Рудар.

Политика уреди

Во Северна Косовска Митровица е седиштето на Собранието на Заедницата на општини на Автономна покраина Косово и Метохија која ги претставува српските општини кои го одбиваат едностраното прогласување независност на Косово.

Наводи уреди

  1. http://www.osce.org/item/1191.html
  2. „Mitrovica“. Архивирано од изворникот на 2013-06-03. Посетено на 2014-07-10.