Северен Брабант

покраина во Холандија

Северен Брабант, не често скратен како Брабант — провинција на југот на Холандија. По Гелдерланд, Северен Брабант е втора по големина провинција.

Северен-Брабант
Покраина во Холандија
Знаме на Северен-БрабантГрб на Северен-Брабант
Местоположба на Северен Брабант во Холандија
Местоположба на Северен Брабант во Холандија
ЗемјаХоландија
Вклучен1815
Главен градХертогенбос
Најдолг градАјндховен
Површина
 • Земја4,919 км2 (1,899 ми2)
 • Вода162 км2 (63 ми2)
Ранг2nd
Население (2006)
 • Земја2,415,946
 • Ранг3rd
 • Густина0,49/км2 (1,3/ми2)
 • Ранг5th
ISO 3166NL-NB
Религија (2005)Католици 57%
Протестанти 6%
Муслимани 4.5%
Мреж. местоwww.brabant.nl

Главен град на покраината на Северен Брабант е Хертогенбос.

Во Северен Брабант до крајот на 2009. живело 2.444.435 жители, што е претставува 14,8% од населението на Холандија. Провинцијата е моментално поделена на 67 општини, од кои најважни се: Ајндховен, Тилбурхг- двете општини имаат повеќе од 200.000 жители, Бреда со повеќе од 175.000 и Хертогенбос со околу 140.000 жители. Од поголемите градови тука се уште и Хелмонд, Розендал и Ос.

Историја уреди

 
Нацоналниот парк, Гроте Пел

Името Брабант е изведено од Braecbant составен од зборовите braec, што значи мочварно земјиште и зборот bant, што значи област.

Голем дел на денешната територија на Северен Брабант е до 17-от век кога била во состав на динственото војводство Брабант, кој поголемиот дел денас е во Белгија. Брабант својот развој го достигнал во 14. и 15. век, посебно со развојот на градовите: Антверпен, Лувен, Бреда и Хертогенбос. После склучувањето на Утрехтска унија 1579 година (почетокот на холандската држава) Брабант станал место за пресметка помеѓу протестантите и католиците (Шпански Холандии на југот). Северниот дел на Брабант му припаднал на Холандија по одредбата Вестфалскиот мир.

Оваа прокраина , немала самоуправа, туку со неа управувале поголеми седум провинции.

Од крајот на 19-от век покраината сè повеќе се индустријализирала. Во Тилбург и Хелмонд (хол. Helmond) се производувал текстил, додека Ајндховен станал петти град по големина во Холандија благодарение на Филипс и ДАФ. Поранешните мали населби многу брзо прераснале во нови индустриски градови.

Култура уреди

Постојат многу музеи особено во големите градови и места како што се Ван Абемов музеј во Ајндховен, Музејот на Северен Брабант во Хертогенбос, Музеј на графичкиот дизајн во Бреда и Природниот музеј во Тилбург. Во повеќето градови исто така се наѓаат и големи театри. Карневалот е најважната прослава во Северен Брабант.

Јазик уреди

Брабантскиот дијалект заедно со холандскиот претставувал основа на стандардниот холандски јазик во 16ти и 17 век. Брабантскиот јазик пред сè имал влијание на правописот, додека холандскиот влијаел на изговорот. Денас брабантскиот дијалект е со многу регионални варијанти или барем нагласок типичен на брабантског идентитет. Брабантските дијалекти не се признати нити имаат каква било заштита. Севернобрабантскиот нагласок има многу сличности со фламански. Повеќето Холанѓани можат добро да разбираат брабантски акцент.

Стопанство уреди

Порано Северен Брабант бил сиромашна погранична регија. Подоцна се создале технолошки многу напредни компании, почнувајќи од доаѓањето на Филипс (Philips) во Ајндховен 1891 година. Со комерцијалното производство на маргарин во 1871 година, градот Ос (хол. Oss) бил водач во светот. Како вработеноста во земјоделскиот сектор се намалувала, така прехранбената индустрија станувала се поважна. Битна економска дејност исто така била и метална и електронска индустрија која се развила благодарение на Филипс.

Воздушен сообраќај уреди

Северен Брабант има еден прилично голем аеродром. Од аеродромот во Ајндховен (Eindhoven Airport) секојдневно полетуваат авиони за градовите како што се Лондон, Милано и Барселона, како и Скопје. Поради константниот годишен раст аеродоромот во Ајндховен (Eindhoven Airport) во 2011. година, со 2.650.000 патници, бил најпрометен регионален аеродром во Холандија.

Воден сообраќај уреди

Реката Меза/Мас (фр. Meuse, хол. Maas), која тече од северниот и источниот дел на Северен Брабант, е важан сообраќаен коридор.

Туризам уреди

Туризмот игра важна улога во Северен Брабант. Различните градови и недопрената природа имаат добра туристичка инфраструктура, а забавните паркови како што се Ефтелинг и зоолошката градина Бејксе берген (хол. Beekse Bergen) исто така привлекуваат многу туристи. Низ цела провинција проаѓа велосипедска и пешачка стаза.

Надворешни врски уреди