Свитокот на храмот

Свитокот на храмот (хебрејски: מגילת המקדש ) е еден од најдолгите свитоци пронајдени кај Мртвото Море. Меѓу откритијата кај Кумран товој свиток е назначен: 11QСвиток на храмота(11Q19[11QTa]). Свитокот опишува еврејски храм, кој никогаш не бил изграден, заедно со детални прописи за жртвување како и практики во храмот. Овој документ е напишан во форма на откровение од Бог на Мојсеј, а со цел да се покаже дека овој храм е посоодветен, и дека Мојсеевите инструкции биле или заборавени или игнорирани кога Соломон го изградил Првиот Храм. Со други зборови, во умот на писателот на овој свиток: „Соломон всушност требало да го изгради Првиот Храм, како што е опишано тука во Свитокот на храмот“.[1]

Дел од  Свитокот на храмот

Вовед уреди

Свитокот на храмот е напишан на хебрејски со херодиско писмо на крајот на Вториот период, и се состои од 65 колони (19 парчиња кожа) и изнесува 9 метри во должина.[2] Надворешниот дел на свитокот претрпел значителна штета во текот на многу векови, поради што во колоните од 2 до 14 недостасуваат зборови и фрази. Од колона 15 натаму, внатрешниот дел на свитокот е подобро зачуван.

Поголемиот дел од текстот е преработка на библиските текстови (претежно од Излез глава 34 да Второзаконие поглавје 23), иако не во ист редослед како што се дадени во Библијата, а понекогаш како комбинација од различни библиски текстови дадени во форма на роман, или делови кои не се библиски се напишани со користење на библиската фразеологија.[3]

Не постои научен консензус во однос на датумот, потеклото, авторот или авторите, или поврзаноста со кумранската заедница.[4] Некои научници Свитокот на храмот го припишуваат на изолираната кумранска заедница, додека други не гледаат поврзаност со кумранската заедница. Наместо тоа, тие го сметаат Свитокот како дело како на свештеници, кој бил скриен во пештера од фанатиците за време на нивното бегство од Ерусалим во 70 година од нашата ера, пред римското уништување на Храмот.[5]

Со користење на рендгентски зраци, делови од свитокот покажале дека фрагменти имаат коефициент на хлор и бром околу трипати поголем отколку што има во морската вода, поради што истражувачите констатирале дека пергаментот на свитокот може да бил направен со користење на вода од Мртвото Море.[6]

Идеализираниот храм уреди

Свитокот опишува комплекс на храм кој се простира на три концентрични квадратни површини, и кој наликува на израелскиот камп во пустината за време на нивното излегување од Египет во ветената земја. Идеализиран  храм е претставен во Свитокот на храмот. Јохан Маер пресметал дека димензиите на трите внатрешни површини[7] се:

  • Внатрешен дел 280 лакти × 280 лакти (300 × 300 за надворешниот квадрат)
  • Средниот дел 480 лакти × 480 лакти (500 × 500 за надворешниот квадрат)
  • Надворешниот дел околу 1.600 лакти × 1.600 лакти [Спротивно од Јадин чии мерки на надворешниот дел изнесуваат 294 × 294, 480 × 480, 1.590 × 1.590 (или 1.600 × 1.600).][8]

Димензиите на храмот се многу поголеми отколку Првиот Храм на Соломон, веројатно како одраз на значително поголемата популација чии потреби мора да бидат исполнети. Ова јасно значи дека го Свитокот е напишан пред проширувањето на Вториот Храм (кој понекогаш се нарекува Храмот на Ирод) кое го извршил Ирод Велики за да се исполнат истите потреби поради значителниот пораст на населението.

Четирите еднакви страни на предложениот храм ги има храмот на Езекил (глави 40-47).

Свитокот на храмот опишува храм, кој почнува во центарот со Кадош Хакадашим, исто така познат како Најсветиот од Светите. Првиот дел е простор за свештениците, вториот е „простор за култно квалификуваните мажи“[9] , а третиот дел е „простор за ритуално прочистување на Израелците." Свитокот започнува со најсветото место, а надворешните делови се сè помалку и помалку свети. Постои јасна поделба меѓу просторите.

Наводи уреди

  1. Johann Maier, The Temple Scroll (Sheffield: JSOT Press [Supplement 34] 1985), p. 59.
  2. Johann Maier, The Temple Scroll (Sheffield: JSOT Press [Supplement 34] 1985), p. 1.
  3. Dwight D. Swanson (1995). The Temple Scroll & the Bible: The Methodology of 11QT. BRILL. стр. 5. ISBN 978-90-04-09849-7. Посетено на 27 March 2013.
  4. Dwight D. Swanson (1995). The Temple Scroll & the Bible: The Methodology of 11QT. BRILL. стр. 1. ISBN 978-90-04-09849-7. Посетено на 27 March 2013.
  5. http://dss.collections.imj.org.il/temple
  6. http://www.nbcnews.com/id/38330648/ns/technology_and_science-science/#.UVE58Vcox20
  7. Johann Maier, The Temple Scroll (Sheffield: JSOT Press [Supplement 34] 1985), p. 63.
  8. Johann Maier, The Temple Scroll (Sheffield: JSOT Press [Supplement 34] 1985), p. 62; Yigael Yadin, The Temple Scroll, 3 volumes, English translation, Jerusalem: 1984 [the 3 vols. originally published in Hebrew, Jerusalem: 1978]. Photographs of Temple Scroll by Yigael Yadin Архивирано на 17 јануари 2008 г.
  9. Johann Maier, The Temple Scroll (Sheffield: JSOT Press [Supplement 34] 1985), p. 58.

Надворешни врски уреди