Свештеникот (филм од 1923)

Свештеникот (англиски: The Pilgrim) - американски филм од 1923 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото и ја игра главната улога, заедно со Една Пурвианс, Хенри Бергман, Сид Чаплин, Меј Велс, Том Мареј, Мек Свејн, Лојал Андервуд и Чарлс Рејснер.[1]

Американски филм.

Содржина уреди

Еден затвореник (го игра Чаплин) успева да побегне од затворот и се преоблекува во свештеник. Тој оди во едно мало место во Тексас, каде очекуваат да пристигне новиот свештеник. Таму, верниците мислат дека затвореникот е свештеникот и љубезно го дочекуваат, а него го сместуваат во домот на една убава девојка (ја игра Пурвианс). Меѓутоа, „свештеникот“ го препознава еден крадец (го игра Рејснер), кој заедно со него ја делел затворската ќелија. Девојката го кани во куќата, а тој ги краде парите наменети за отплата на хипотеката за куќата. Потоа, крадецот оди во казиното, но „свештеникот“ успева да му ги земе парите и да ѝ ги врати на девојката. Сепак, шерифот (го игра Мареј) го открива вистинскиот идентитет на „свештеникот“ и мора да го уапси. Меѓутоа, бидејќи тој ги вратил парите, шерифот го носи до границата со Мексико и го пушта да побегне.[2]

Наводи уреди