Во фотометријата, светлосната јачина е мерка за моќта што ја оддава еден извор на светлина во даден правец по единица просторен агол. Се заснова на функцијата на сјајност, која е стандарден модел за чувствителноста на човечкото око и е пондерирана за бранова должина. Единицата за светлосна јачина во системот SI е канделата (cd), која е основна SI-единица.

Фотометријата се занимава со мерење на видливата светлина како што ја восприема окото. Човечкото око ја забележува само светлината во видливиот спектар и неговата чувствителност на светлина се разликува на различни бранови должини во рамките на спектарот. Кога е прилагоден на посилна светлина (фотопен вид), окото е најчувствително на зелено-жолто светло на бранова должина од 555 nm. Светлото со иста зрачна јачина на други бранови должини има помала светлосна јачина. Кривата што ја изразува чувствителноста на окото на светлина, е утврден стандард и се нарекува функција на сјајност (функција на светлосна јачина). Оваа крива, која се бележи со V(λ) или , се заснова на просекот од податоци добиени со голем број на опити со разни методи на мерење, а чиишто наоди во голема мера се разликуваат. На пример, чувствителноста на окото на ултравиолетова светлина во опитите се разликува за фактор десет.

Светлосната јачина се разликува од мерката за светлосен тек, која ја претставува вкупната восприемена моќ што се оддава во сите правци. Светлосната јачина ја изразува восприемената моќ по единица просторен агол. Светлосната јачина се разликува и од зрачната јачина, која е аналогна на неа, но изразува објективна физичка величина во радиометријата.

Употреба уреди

Светлосната јачина на еднобојна светлина со извесна бранова должина λ се добива вака:

 

каде

Iv е светлосната јачина во кандели (cd),
Ie е зрачната јачина во вати по стерадијан (W/sr),
  е стандардната функција на сјајност.

Доколку е присутна повеќе од една бранова должина (како што најчесто се случува), светлосната јачина ја добиваме со собирање или интеграција на брановите должини во сепактарот:

 

Поврзано уреди

Наводи уреди


Фотометриски единици на SI
Величина Симбол[б 1] SI-единица Симбол Димензија Белешки
Светлосна енергија Qv [б 2] лумен-секунда lm⋅s T⋅J единицата е наречена и „талбот“
Светлосен тек Φv [б 2] лумен (= cd⋅sr) lm J наречен и „светлосна моќ“
Светлосна јачина Iv кандела (= lm/sr) cd [б 3] основна SI-единица, светлосен тек по единица просторен агол
Блескавост Lv кандела на квадратен метар cd/m2 L−2⋅J единиците се наречени и „нити“
Осветленост Ev лукс (= lm/m2) lx L−2⋅J за светлина врз површина
Светлосна излезност Mv лукс (= lm/m2) lx L−2⋅J за светлина израчена од дадена површина
Светлосна изложеност Hv лукс-секунда lx⋅s L−2⋅T⋅J
Густина на светлосна енергија ωv лумен-секунда на кубен метар lm⋅sm−3 L−3⋅T⋅J
Светлосна делотворност η [б 2] лумен по ват lm/W M−1⋅L−2⋅T3⋅J сооднос на светлосниот тек со зрачниот тек
Поврзано: SI · Фотометрија · Радиометрија
  1. Стандардизационите организации препорачуваат фотометриските величини да се бележат со наставката v (знач. „визуелна“) за да нема забуни со радиометриските и фотонските величини.
  2. 2,0 2,1 2,2 Се јавуваат и други симболи: W за светлосна енергија, P или F за светлосен тек, и ρ или K за светлосна делотворност.
  3. Системот SI препорачува употреба на „J“ како симбол на димензијата на светлосната јачина.