Свети Евстатиј Плакида

Светиот великомаченик Евстатиј Плакида(латински:Eustachius, грчки: Ευστάθιος Πλακίδας ) познат и како Евстатиј Римски е христијански светец, великомаченик. Светец-заштитник е на ловците и на шумарите. Неговиот ден се празнува на 3 октомври од Православната црква и на 20 септември од Римокатоличката црква.

Свети Евстатиј Плакида
Великомаченик
Починал(а) 118, Рим
Слава 3 Октомври
Заштитништво Ловците

Животопис уреди

 
Измачувањето на свети Евстатиј и неговото семејство во бронзениот бик

Роден под името Плакида, Евстатиј бил римски војсководец во времето на императорот Тит Флавиј Веспазијан и Трајан. Според преданието, додека бил на лов пред него се појавил елен кој имал крст помеѓу роговите, и од него прозборел гласот божји кој му рекол да се крсти и да ја прими Христијанската вера. Плакида го послушал и одма отишол дома,го собрал своето семејство и сите заедно се покрстиле, тој го добил името Евстатиј(на грчки стабилен,цврстостоечки), неговата сопруга била крстена Теопистија а неговите синови Агапиј и Теопист. После крштевањето Евстатиј отишол на местото каде го видел еленот и клекнал на колена, благодареќи му на Бога што му ја покажал вистината. Во истиот момент повторно му се јавил гласот Божји и му ги најавил страдањата кои го чекаат во неговото име и го охрабрил. Тогаш Евстатиј тајно го напуштил Рим со своето семејство, со намера да се повлече меѓу народот и во скромна средина да му служи на Бога.

 
Грчка икона Свети Евстатиј

Доаѓаќи во Египет, одма започнале искушенијата. Зол варварин му ја грабнал жената, а преминуваќи река неговите синови биле грабнати од волк и лав. Како Јов и Евстатиј жалел но не ја изгубил верата. Така сам Евстатиј проживеал 15 години во Египетската земја.

По тоа време варварите го нападнале Рим и царот Трајан се сетил на својот војсководец Евстатиј и дал заповед да биде пронајден и повторно да му се даде команда над Римската војска. Евстатиј е пронајден и доведен во Рим, императорот го примил и со почести го назначил главен војсководец на римската војска.

Евстатиј успешно ги поразил варварите и заедно со војската тргнал да се враќа во Рим, на патот назад си ги пронашол синовите Агапиј и Теопист помеѓу римските војници а ја пронашол и својата сопруга Теопистија.

Но кога се вратил во Рим наместо Трајан на римскиот престол бил Адријан. Императорот приредува голема прослава по повод победата над варварите. Поканет на прославата Евстатиј одбива да принесе жртва на паганските богови и објавува пред сите дека е Христијанин. Тогаш императорот му ги одзема воениот чин и службата на Евстатиј и наредува тој и неговото семејство да бидат фрлени на ѕверовите во колосеумот, на општо чудење животните не сакаат да го нападнат Евстатиј и неговото семејство. Потоа Адријан наредува да бидат погубени во бронзен бик (печка за мачење) од каде се извадени нивните тела по три дена, мртви но неповредени од огнот.

Извори уреди

https://bigorski.org.mk/kalendar/oktomvri/sv-velikomachenik-evstatij-plakida/