Свети Врач

град во Пиринска Македонија

Свети Врач (од 1947/49 г. офиц. Сандански, бугарски: Сандански[2]) — град во Пиринска Македонија, во денешната Благоевградска област, југозападна Бугарија. Се наоѓа во долината на реката Струма од нејзината лева страна и е сместен во подножјето на Пирин планина, од нејзината западна страна. Низ него тече реката Светиврачка Бистрица (Санданска Бистрица).

Свети Врач
Сандански
Поглед на Свети Врач
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска
Управа
 • ГрадоначалникАтанас Стојанов
Површина
 • Градска26,867 км2 (10,373 ми2)
Надм. вис.&10000000000000296000000296 м
Население (2011)[1]
 • Градско28.510
 • Градскo40.470
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2800
Повик. бр.0746
Мреж. местоПортал
Хотел „Сандански“
Парк до хотелот „Сандански“

Историја уреди

Антички и средновековен период уреди

Лековитите својства на топлите минерални води и благата поволна клима, местото каде денес се наоѓа градот Свети Врач го направиле удобен за живеење на луѓето уште од античкиот период. Првите човечки населби на местото на денешниот град Свети Врач датираат од 2 милениум п.н.е. Населбата била основана околу минералните извори за време на бронзеното време на крајот на XIII и почетокот на XII век пред нашата ера. Во античко време овде живеело пајонското племе Синти. Најраната историја на градот е позната од изворите од Тукидид и Полибиј, кои споменуваат дека бил населен со тракиски племиња уште во 5 век п.н.е. Во 4 век п.н.е. населбата била освоена од Филип II Македонски. Се претпоставува дека античкиот град што постоел овде бил подигнат токму од него е се викал Партикополис или Парајкополис. Од 2 век п.н.е од легионите на Римската Република. Тогаш за време на освојувањето на Медите од страна на Римјаните, во некои од нивните воени походи, Спартак станал заробеник на Апенинскиот Полуостров. Подоцна, римската населба на местото на денешниот град се викала Десудава[3][4].

Остатоци од црква која датира од средината на 4 век биле пронајдени во близина на денешната пошта, на север од која има траги од голема зграда за која се смета дека е епископска резиденција. Траги од доцна античка црква од крајот на 4 или почетокот на 5 век биле пронајдени во сегашната црква „Свети Ѓорѓи“. Црквата од почетокот на 5 век делумно се наоѓала на улицата „Гоце Делчев“ бр.37. На централниот плоштад на античкиот град била откриена трикорабна базилика, која се смета дека била епископска катедрала. Спомнувањето на улогата на градот како епископски центар е докажано во спомнувањето на владиката Јован во натписот во црквата, делумно изложен на приземјето на Археолошкиот музеј, која била изградена кон крајот на 5 или почетокот на 6 век и била користена до крајот на 6 век. Друга античка црква била уништена во 1950-тите години кога била изградена канализација по улицата „Иван Рилски“[5].

Античкиот град се наоѓа целосно на територијата на современиот град Свети Врач, со пронајдени археолошки наоѓалишта кои датираат од различни историски периоди. Градот процветал во периодот IV-VI век. Оттогаш, откриени се многу јавни згради и ранохристијански базилики, вклучувајќи го и ранохристијанскиот епископски комплекс. Интересни се пронајдените мозаици, кои некои се изложени на лице место во Археолошкиот музеј на градот.

На крајот на 6 век градот бил уништен од варварски племиња. Од тоа време, тој го носел името Свети Врач (со значење „лекар“) во спомен на двајцата браќа Козма и Дамјан, народни исцелители.

Отоманско Царство уреди

Во текот на 19 век, Свети Врач е село со мешано население, и припаѓало на Мелничката каза на Серскиот санџак на Отоманското Царство. Во 1845 година рускиот славист Виктор Григорович на пат од Мелник за Рилскиот манастир поминал низ Свети Врач и во „Очерк путешествия по Европейской Турции“ запишал:

Село Свети Врач, на планинска падина, познато по своите лековити извори, доста богато со урнатини, што може да укаже на тоа дека на негово место порано имало град.[6]


Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Света Врач (Svéta Vratch) се состоело од 100 семејства од кои 120 жители муслимани и 135 Македонци[7][8]

Во 1891 година Георги Стрезов за Свети Врач и Ливадица напишал:

Св. Врач, 3 часа СЗ од Мелник; сместен на левиот брег на Бистрица, над еден рид. Почвата е премногу погодна за ориз; оризот расте богато. Куќите се наоѓаат меѓу дрвјата што му даваат добар поглед. Понеделникот е пазарен ден каде занаетчии од Мелник доаѓаат да ги продаваат своите производи на селаните од околината. За таа цел, на јужниот крај на селото има мала чаршија со 25 продавници. Црква „Свети Врач“, читаат на грчки. 160 куќи, половина бугарски и турски. Минералните води се веднаш до чаршијата; некои извираат на место, други протекуваат од ридот. Околу истата вода има многу бунари, дури и во самата Бистрица. До главниот извор е поставена камена градба со свод што им служи на болните.[9]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1110 жители, од кои 360 Турци, 150 Роми и 600 Македонци[7][10]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Свети Врач живееле 560 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 12 Роми. Во градот имало едно основно училиште со 1 ученик и 35 ученици[7][11].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 11 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[12]. Во 1913 година, за време на Балканските војни, Свети Врач било окупирано и 200 куќи биле запалени од грчката армија[13].

Бугарија уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. По 1919 година, Свети Врач всушност бил административен и политички центар на регионот, иако до средината на 1925 година околијата се викала Мелничка. Во неа биле сместени повеќето занаетчиски работилници и трговски продавници кои исто така му служиле на населението од целиот регион[14]. Центарот за заедница, читалиштето „Отец Паисиј“ бил основан во 1919 година[15]. На 18 јуни 1929 година, 22-то Национално собрание донело закон со кој Свети Врач бил прогласен за град[16].

По 9 септември 1944 година, најмалку 61 лице од градот и околината биле убиени од новата власт. Меѓу жртвите биле и градоначалникот Атанас Лазаров, пратеникот Атанас Хаџипопов, функционерите на ВМРО, Григор Беганов, Зисо Попов, Костадин Јаров, Константин Ќуров, Стојан Манолов, Јосиф Пецев, Милан Постоларски и многу други[17]. Во јануари 1945 година, првиот комунистички концентрационен логор во земјата бил формиран во близина на станицата Свети Врач, кој бил затворен два месеци подоцна[18].

Во првиот попис во Бугарија по Втората светска војна (во времето на Татковинскиот фронт и Георги Димитров) кога 70% од населението на Пиринска Македонија се попишало како Македонци, во Свети Врач процентот на Македонците бил 85%. Исто така и во првиот попис по падот на комунизмот во Бугарија, некои медиуми шпекулирале дека како и во Петрич, така и во Свети Врач постои „национална опасност“ бидејќи околу 20% од населението во градот се попишале како Македонци, а во повеќе светиврачки села сите жители целосно се изјасниле дека се Македонци[19][да се провери], сепак нема официјални податоци за овие информации на некои бугарски медиуми.

Од 26.09.1949 година, градот го носи името на револуционерот Јане Сандански.

Географија уреди

Клима уреди

Климатски податоци за Свети Врач (1981-2010)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 8.5
(47.3)
10.2
(50.4)
15.5
(59.9)
21.3
(70.3)
26.7
(80.1)
31.2
(88.2)
34.8
(94.6)
34.7
(94.5)
30.5
(86.9)
23.6
(74.5)
15.7
(60.3)
10.8
(51.4)
22.0
(71.6)
Сред. дневна °C (°F) 4.5
(40.1)
6.2
(43.2)
10.5
(50.9)
16.2
(61.2)
20.5
(68.9)
24.4
(75.9)
27.3
(81.1)
27.3
(81.1)
21.5
(70.7)
16.8
(62.2)
10.3
(50.5)
6.5
(43.7)
16.0
(60.8)
Прос. ниска °C (°F) 0.3
(32.5)
1.1
(34)
4.8
(40.6)
9.5
(49.1)
13.6
(56.5)
17.1
(62.8)
19.5
(67.1)
19.5
(67.1)
15.4
(59.7)
11.2
(52.2)
5.6
(42.1)
1.7
(35.1)
10.0
(50)
Прос. врнежи мм (ин) 32.3
(1.272)
35.2
(1.386)
31.4
(1.236)
49
(1.93)
41.1
(1.618)
42.8
(1.685)
35.8
(1.409)
32
(1.26)
29.5
(1.161)
43.8
(1.724)
53.4
(2.102)
57.9
(2.28)
484.2
(19.063)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1 mm) 5.3 5.3 5.2 6.2 6.9 5.6 4.5 3.5 4.2 5.3 6.3 7.8 66.1
Прос. бр. снежни денови 4.1 2.5 0.4 0.0 0.0 0.0 0.0 0.0 0.0 0.0 0.4 2.3 9.7
Сред. бр. сончеви часови месечно 123 144 195 232 295 332 362 338 256 203 133 100 2.714
Можен удел на сончевост 43 49 52 54 60 69 77 78 70 58 45 36 60
Извор: stringmeteo.com[20]

Население[7][21] уреди

Население на Свети Врач по попис[21]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 4703 7447 10630 14588 18989 24594 26096 26507 26255 28058
Етнички состав на населението
од 2011 година[22]:
Националност Население Процент
Бугари 23200 95,84%
Турци 184 0,76%
Роми 375 1,55%
Други 139 0,57%
Не се определиле 309 1,28%
Вкупно 24207
Население по возраст
од 2011 година
[23]:

Според официјалните податоци, Свети Врач (Сандански) има околу 41 180 жители, од кои 95% се изјаснети како Бугари. Дел од жителите на Свети Врач се изјаснети како Македонци (околу 1%) и токму во овој град е голем бројот на симпатизерите на ОМО Илинден - Пирин [1][мртва врска].

Стопанство уреди

Градот е познат по своите топли геотермални извори поради кои Австријци кои се лечеле во Свети Врач го изградиле познатиот хотел „Сандански“.

Поради близината со грчката граница, последниве години во Свети Врач има наплив на грчки фирми и грчки капитал. Градот и околината поради рамничарскиот предел отворен кон југ (кон Петрич), близината на реките Струма и Санданска Бистрица и гео-термалните извори има развиено земјоделство, особено оранжериско производство на ран зеленчук.

Гимназијата „Јане Сандански“ е во тесна соработка со скопската гимназија „Орце Николов“ и други странски гимназии. Секоја година во градот и околината се одржува велосипедски крос по повод борбата против дрогата на која редовни гости се ученици од македонските гимназии со кои соработува светиврачката гимназија, а од 2006 година ова пријателство стана традиционално со приемот на учениците од Свети Врач во Скопје.

Личности уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Census 2011[мртва врска]
  2. „Историја“. Портал на Општина Свети Врач. 30 август 2008.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Sandanskibg.
  4. Сандански и Мелник – градовете на червеното вино, „Българска история“ – ”Задължителни одредишта”.
  5. Димитров, Димитър (2013). Християнските храмове по българските земи I-IX век. София: Фондация „Покров Богородичен“. стр. 168–172. ISBN 978-954-2972-17-4.
  6. Викторъ Григоровичъ. „Очеркъ путешествія по Европейской Турціи“. Москва, 1877.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140-141.
  9. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 26.
  10. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 192-193.
  12. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 876
  13. Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, с. 298.
  14. История на град Сандански. София, ИК „Синева“, 2007, стр.167.
  15. Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 66. ISBN 954-90006-2-1.
  16. История на град Сандански. София, ИК „Синева“, 2007, стр.177.
  17. „„Драмата в околия Св. Врач". – Во: Вестник „Македония", бр.33, 17.09.1997 г.“. Архивирано од изворникот на 2009-10-26. Посетено на 2009-10-26.
  18. Методиев, Момчил (2008). Машина за легитимност. Ролята на Държавна сигурност в комунистическата държава. София: Институт за изучаване на близкото минало; Институт Отворено общество. стр. 29. ISBN 978-954-28-0237-2.
  19. В. Јотевски, Националната афирмација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија 1944-1948 г. Скопје 1996, (податоци на с. 155)
  20. Николов, Иван. „Век. месечен архив Бг“. www.stringmeteo.com.
  21. 21,0 21,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на Сандански, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  22. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  23. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.

Надворешни врски уреди